Насловна / Вести / Целосна обнова на осветлувањето во населба Лисиче

Целосна обнова на осветлувањето во населба Лисиче

Општина Аеродром деновиве почна целосна реконструкција на јавното осветлување во населбата Лисиче.
Во рамки на активностите се заменуваат старите со нови метални столбови за јавно осветлување, кои сега се наоѓаат во дворните места на куќите во населбата.

osvetluvanje Lisice (5)
Освен замената со нови, столбовите кои со години се наоѓаат во приватните дворови, ќе бидат поставени на јавна површина, односно на тротоарите. Станува збор за 265 столбови и околу 330 нови светилки, за што Општината издвои шест милиони денари.
Исто така, континуирано се врши тековно одржување на осветлувањето на целата територија на Општината, а во текот на оваа година е планирано и за првпат целосно осветлување на трговскиот центар во населбата Лисиче.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top