Насловна / Арт и дизајн / Почина Коста Хаџи Антоновски, творецот на Малиот битолски Монмартр

Почина Коста Хаџи Антоновски, творецот на Малиот битолски Монмартр

Почина Коста Хаџи Антоновски, идејниот творец на Малиот битолски Монмартр.

ббб_resize

Тој беше познат и признат ликовен уметник и педагог кој едуцираше многу млади ликовни таленти, а некои денес врвни ликовни сликари. Исто така беше и иницијатор и организатор на многубројни културни настани во Битола. Добитник е на многубројни награди и признанија во земјата и странство.

БИТ1_resize

Благодарение на Хаџи Антоновски, Битола беше ставена на мапата на ликовните уметници ширум светот, а Малиот битолски монмартр беше настан каде едвај чекаа да дојдат деца ликовни творци од сите страни на светот.

Малиот битолски монмартр беше амбасадор на Битола, а за тоа беше најзаслужен Коста Хаџи Антоновски чија најголема среќа беше да ги гледа децата кои творат низ битолските улици.

БИТ2_resize

Испрати коментар

Scroll To Top