Насловна / Вести / Најавен првиот траект на зелен водород

Најавен првиот траект на зелен водород

Норвешкиот траектен оператор Norled, го избра британски Linde за добавувач на течен водород за својот прв траект со водородни ќелии на светот. Траектот ќе се користи за превоз на патници и возила, а ќе се напојува со обновлива енергија.  Имено, Linde ќе пружи целосно решение за норвешкиот траект за водородни горивни ќелии, бидејќи компанијата ќе го користи својот нов електролизатор од 24 MW за производство на водород со кој ќе се снабдува траектот. Електролизаторот се наоѓа во Германија, во хемискиот комплекс Leuna. Таа постројка ја користи технологијата на протонска изменувачка мембрана (PEM) за производство на зелен водород. Според најавата на компанијата, Linde исто така има намера да инсталира копнена и бродска опрема за складиштење и дистрибуција. Се очекува снабдувањето со водород да биде воспоставено и оперативно следната година, по што траектот ќе може да ги намали своите емисии за дури 95%. Norled верува дека ова ќе биде само првиот во низата бродови кои ќе се напојуваат со водород – чисто гориво кое сеуште се смета за алтернатива во сообраќајот, но неговата поширока примена допрва треба да се случи.

norled1

norled2

norled3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top