Насловна / Архитектура / Форми поддржани од симболи во црква во Португалија

Форми поддржани од симболи во црква во Португалија

Проект за црква се чини како добар инструмент во трагањето по симболична, мистична и експресивна димензија. Како што не научила историјата, сојузот меѓу уметноста и религијата нуди на човештвото единствени, волшебни и возвишени моменти, кои го збогатуваат животот, умот и душата.

1
Црквата, како материјална конструкција и човечки приказ на божественото, игра важна улога во развитокот на сензибилитетот. За верниците и за лаиците, тоа е жив знак која пренесува трансцендентална смисла која не тера да погледнеме подалеку од она што го гледаме и да одвоиме време да ги почувствуваме нашите животи на подлабоко.

3
Првите впечатоци и идеи се појавиле при првата посета на теренот, велат проектантите за ArchDaily. Особеностите и формите се очигледни, поддржани од симболи кои им се чинеле важни, експресивни и соодветни за намерите на архитектите од португалското биро FCC Arquitectura при проектирање на црквата .

4

Закривената линија се наметнала од почеток, како гест и како форма поврзана со прием и заштитат на црквата во Лагарес, Португалија.

222
- Форма на риба, силна слика за католичката религија и симбол на Исус Христос Спасителот.
- Капка, вода. Симбол на прочистување и благослов, поврзано е со ритуалот на крштевање во христијанството.
- Конвенционалното шема на изнаоѓање на осовината која е карактеристична за класични цркви.

2
Улиците кои граничат со теренот имаат стрми падини, а црквата е сместена на средната платформа.

8

Два закривени ѕида, речиси целосно ослободени од земја, ги упатуваат луѓето кон главниот влез на црквата. Распоредот на овие ѕидови бил условен со клучните орјентири внатре во објектот: ја премостуваат крстилницата и олтарот, формирајќи така насоки во просторот.

9

10

5

11

14 15 16

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top