Насловна / Вести / Пневматици направени од рециклирани PET шишиња

Пневматици направени од рециклирани PET шишиња

Компанијата Continental е првиот производител на пневматици кој стартуваше со масовно производство на рециклирано полиестерско предиво добиено од пластични PET шишиња, во нов процес.  Овој материјал со високи перформанси, најпрво ќе биде користен кај избрани дизмензии на летните пневматици PremiumContact 6 и EcoContact 6 , и пневматиците AllSeasonContact.  Со него целосно се заменува конвенционалниот полиестер во телото на споменатите пневматици. Во комплетот стандардни пневматици за патнички автомобили се користи материјал кој е добиен од околу 40 рециклирани  PET шишиња.

conti1

conti2

Во септември минатата година, Continental за прв пат ја претстави интерно развиената технологија ContiRe.Tex. Се користи полиестерско влакно направено од употребени PET шишиња кои не се рециклирани на ниту еден друг начин, и без хемиски меѓуфази. Затоа, оваа технологија е значително поефикасна во однос на вообичаениот начин на преработка на PET шишињата, заради добивање на полиестерско предиво со високи перформанси.  Шишињата кои се користат за оваа технологија потекнуваат исклучиово од региони со затворен рециклажен круг. Во склоп на посебна постапка, шишињата се раздвојуваат и се подвргнуваат на механичко чистење. Потоа со механичко ситнење се добива гранулат и на крај во полиестерско предиво.

Continental IAA Mobility 2021

conti4

Сите пневматици со технологијата ContiRe.Tex кои во моментот се произведуваат, потекнуваат од фабриката на Continental во Португалија.  Овие пневматици имаат посебен логотип на бочниот ѕид („содржи рециклиран материјал“). Полиестерското предиво е направено од полиетилен- терефталат (PET) веќе долго се користи како материјал во производството на пневматици за патнички и лесни товарни возила. Текстилните јажиња ги апсорбираат силите на внатрешниот притисок во пневматикот и ги задржува постоечките димензии дури и во услови на високи оптоварувања и високи температури. Со цел пневматиците во фазите на производство, употреба и рециклажа уште повеќе да штедат енергија и да бидат еколошки прифатливи,  Continental интензивно трага по алтерннативни материјали за производство на пневматици.  Овој производител, на саемот  IAA MOBILITY за прв пат го претстави Conti GreenConcept, кај кого во телото на пневматикот се користи полиестер добиен од рециклирани пластични шишиња.  Инаку, Continental  за втората сезона на тркачкиот натпревар Extreme E – кој стартуваше во февруари 2022 година, разви пневматик во кој исто така се користи ContiRe.Tex. Помошните возила на овогодишниот Tour de France, исто така ќе бидат опремени со пневматици со технологијата ContiRe.Tex. За почеток, на пазарот се достапни пневматиците PremiumContact 6, EcoContact 6 и AllSeasonContact со оваа технологија, а секој модел е расположив во по пет димензии.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top