Насловна / Архитектура / Избрано е идејното решение за новиот објект на Белградската филхармонија

Избрано е идејното решение за новиот објект на Белградската филхармонија

Во релативно голема конкуреннција на пристигнати решенија, тимот на проектното студио Amanda Levete Architects (AL_A) од Лондон е избран за победник на меѓународниот конкурс за архитектонско идејно решение на концертна сала на Белградската филхармонија. Планираната локација за објектот е во Нов Белград, покрај Палатата србија, во Блокот 13. Иницијативата за изградба на нова сала на филхармонијата ја покренал пред повеќе од една деценија долгогодишниот директор на оваа реномирана установа, Иван Тасовац. Ова современо здание, треба да биде дом на водечкиот оркестар во регионот, но и нов симбол на градот.

belgrad1

belgrad2

Објектот ќе има симфониска концертна сала со 1.600 места, како и повеќе простории з аизведување проби, креативна работа и сл. Во 2021 година, во име на Владата на Србија, УНДП објави меѓународен конкурс за проект наменет за најпознатите светски архитектонски компании. На овој конкурс стигнале 37 пријави од 15 земји, а 8 кандидати с еповикани во следната фаза.

belgrad4

Појаснувајќи го својот концепт, шефицата на победничкиот тим  Amanda Levete (инаку добитник на престижната награда RIBA Sterling вели:” Пределот околу Дунав и амбиентот ан парк е нашата појдовна точка во проектирањето. Корстењето на водената површина со цел во неа да се одрази зградата и околната природа го доловува ефектот на мочуришно подрачје, кое првобитно му овозможило на српскиот народ да се развива овде. Повторното враќање на паркот на природата како амбиент за новата Концертна сала, испраќа порака дека треба да ги преобразиме нашите градови и да ги направиме почисти и позелени.” Како нареден чекор, тимот на AL_A ќе работи на изработката на техничката документација, која е поделена во три фази.

Испрати коментар

Scroll To Top