Насловна / Вести / Плоштадот на Zaha Hadid Architects во Никозија

Плоштадот на Zaha Hadid Architects во Никозија

Zaha Hadid Architects (ZHA) го завршија плоштадот Елефтерија, јавен парк што се протега покрај историските венецијански ѕидини во Никозија, Кипар.

Плоштадот на повеќе нивоа Елефтерија, изграден е во дел од ров што заедно со венецијанските ѕидини ја означува границата помеѓу најстариот дел од градот и новите населби што го опкружуваат, пишува Dezeen.

7_resize

Проектот на ZHA ја трансформира оваа досега недостапна област во низа шеталишта обрабени со дрвја, асфалтирани плоштади, зелени површини и вода.

Амбицијата на архитектите е паркот да биде првата фаза во создавањето „зелен појас“ околу периметарот на стариот град.

2_resize

1_resize

Како што венецијанските ѕидини и ровот се протегаат преку Зелената линија што ја дели грчката страна на Кипар од турската, ZHA веруваат дека проектот може да стане дел од повторното обединување на главниот град.

„Трансформацијата на ZHA на плоштадот Елефтерија ја спојува богатата историја на Никозија со непоколебливиот оптимизам за иднината“, велат од бирото и додаваат: „Проектот предлага да се прошират новите јавни простори како би ги следеле ѕидините и би ја опкружиле Никозија, повторно поврзувајќи ги заедниците на оваа поделена престолнина“.

6_resize

Пејзажот вклучува низа закривени бетонски мостови и пристапни правци, кои помагаат да се преговара за промената на нивото помеѓу ровот и соседните улици.

Неправилните геометрии на овие форми помагаат да се дефинира карактерот на различните простори, истовремено создавајќи динамика помеѓу активностите што се случуваат горе и долу.

4_resize

Ознаките делат различни делови од гранитното поплочување и обезбедуваат форми на различни елементи во пејзажот, вклучувајќи клупи и жардинери.

„Трансформиран во урбан парк, флуидните геометрии на ровот се создадени преку процесот на триангулација на неправилните форми на античките утврдувања за да се воспостават точки на интензитет што ги дефинираат местата за седење, цветните леи или водните карактеристики во новиот парк“, велат од ZHA.

5_resize

„Поплочувањето со гранит пренесува безвременска цврстина, додека отворените споеви меѓу гранитните плочи создаваат пасивен систем за одводнување на дождовницата што им овозможува на новите дрвја природно да ги балансираат нивото на подземните води и да ја намалат ерозијата на темелите на средновековните ѕидови.

3_resize

Плоштадот Елефтерија вклучува две кафулиња и подземен паркинг, како начин за ослободување на повеќе простор над земја за пешаците.

Сега најголемиот урбан плоштад во градот, овозможува просторот да се користи за различни фестивали и јавни настани.

Ова е прв проект на ZHA во Никозија, но не и прв модерен дизајн во градот, кула од 25 ката на Жан Нувел завршена е во 2015 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top