Насловна / Вести / Патувањето со воз во наредната година – 4 најдобри нови линии во Европа

Патувањето со воз во наредната година – 4 најдобри нови линии во Европа

Иако пандемијата ги пореметува и одложува плановите, како што беше случај и со стартувањето на новите железници оваа година, следната година, барем според британскиот Guardian, ќе има многу убави нешта да се направат кога се во прашање патувањата. Имано, во сообраќај се нови и многу интересни линии. Некои од нив ќе и дадат уште поголемо значење на Виена, моментално железнички најповрзаниот град во Европа. Во продолжение изборот на Guardian, за најатрактивните нови линии кои стартувале овој месец или ќе започнат со сообраќај веќе на почетокот на 2022 година.

train1

Ноќниот воз Париз – Виена

Во текот на последниов месец од годинава, австрискиот OBB го додаде Париз на својата листа на дестинации. Возот Vienna Nightjet ќе сообраќа три пати неделно, патувањето трае 14-15 часа, додека цената на билетот во еден правец се движи од 59,90 до 94,90 евра.

train2

Ноќниот воз Амстердам – Цирих

Оваа линија е воспоставена на 12-ти декември. Возот сообраќа секој ден, а патувањето трае 11 часа и 37 минути. Цените на билетите се движат од 59,90 дo 99,90 евра. Линијата минува по класичната рута низ долината на Рајна јужно од Келн.

train3

Штутгард – Виена, преку Тирол

Оваа рута не е најбрзата опција, но е можеби најубавата кога се во прашање пејсажите. Патувањeто трае скоро 10 часа, возот сообраќа секојдневно, а цените на билетите се движат од 37,90 дo 71,90 евра. За оние кои се брзаат, подобра опција е патувањето преку Минхен. Новиот воз кој сообраќа на оваа линија се вика  Bregenzervald.

train4

Љубљана – Будимпешта, преку Грац

Веќе постои железничка линија која ги поврзува Љубљана и Будимпешта, но новата опција е многу необична. Таа два пати ја минува границата на т.н. „железната завеса“. Патувањето трае скоро девет часа, а цените на билетите се од 39,40 до 51,90 евра.

train6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top