Насловна / Архитектура / Петер Пишлер (Peter Pichler) – Еволуција на традицијата

Петер Пишлер (Peter Pichler) – Еволуција на традицијата

Петер Пишлер беше говорник на третата меѓународна конференција „Одржлива архитектура“ во Белград, која се одржа во текот на првиот викенд во октомври 2019 година, каде говореше за своето видување на архитектурата и ги претстави проектите на своето студио. При посетата во Белград, Пишлер во интервју за „Порта 3“ даде одговори на некои интересни прашања. Тој работи во Милано, доаѓа од северот на Италија, од Болцано, студирал во Виена, каде предавач му била славната Заха Хадид, во чие студио потоа и работел како архитект. Кога бил дете сакал да биде директор на циркус, за да стане архитект кој има специфичен поглед на архитектурата, којашто ја гледа како одраз на традицијата и примената на современата технологија, проследена со висока естетска вредност.

Peter_Pichler_portrait

Каков е Вашиот пристап кон архитектурата?

Мислам дека во нашето студио сме заинтересирани за традицијата, на некој начин да ја прикажеме архитектурата која се базира на еволуција на традицијата, нè интересира современата интерпретација на традицијата.

Колку е големо Вашето студио?

Нè има нас десетмина, студиото го основавме во 2015 година во Милано, мојата сопруга Силвана и јас.

Peter_Pichler_Architecture_TreeHouses_Front_View

TreeHouses

Кои се предностите на ваквите случувања за Вас?

Секогаш е интересно да се видат идеите на другите колеги кои доаѓаат од разни земји, да се видат нивните презентации и нивната култура. Таа размена на идеи, култура, секогаш е добра. Ова е прв пат да сум во Белград, градот ми изгледа интересно.

На кои  проекти работите во моментов?

Во моментов работиме на неколку различни проекти во Италија, еден хотел и една вила. Работиме проекти и во странство, во Абу Даби имаме градилиште каде работиме три вили, работиме проекти во Австрија и Германија, како и мал проект во Соединетите Американски Држави, Tree houses, кој го прикажав за време на презентацијата.

Peter_Pichler_Architecture_Abu_Dhabi_villa_exterior

Abu Dhabi vilaa

Како ја гледате архитектурата во Милано, Италија, денес и во 2015 година кога го основавте студиото?

Да бидеме искрени, освен инсталации на Миланскиот салон, немаме ниту еден проект во градот. Можеби сè уште сме премладо студио за да влеземе на миланскиот пазар.
Во 2015 година, учествувавме на еден конкурс за млади студија, но во расписот пишуваше дека морало да имаме не знам колку квадратни метри станбен простор што е реализиран, така што сте надвор од конкурсот или да се здружите со поголемо студио. Во Милано има големи можности, тоа е еден современ град, многу работи токму сега се случуваат и се надевам дека во наредните години ќе имаме некој проект во градот.

Hotel Schgaguler, Kastelruth Südtirol Oktober 2018

Hotel Schgaguler

Што е за Вас одржлива архитектура?

За мене одржливоста се состои во тоа да користите локални материјали, а над сè да ја разбирате локалната култура и да градите во склад со тоа, со локални компании, кои го познаваат местото. За мене одржливост е да разбирате како се гради во таа земја. Имаме доста проекти кои ги работевме со дрво, тоа е еден одржлив материјал, постојат големи предности и од аспект на конструкцијата и од човечки аспект, дрвото го дава тоа чувство на топлина, да се чувствувате добро како да сте во природа. Другиот битен аспект е да ја работите одржливата архитектура со одредена доза на естетика, бидејќи верувам дека ако проектирате на начин кој ја засега само екоархитектурата, ќе стигнете до кутии каде никој не сака да живее. Архитектурата е елемент кој секогаш мора да биде ускладен со убавината. За нас тој аспект е многу важен.

Peter_Pichler_Architecture_Kitzbühel_Tree_Suites_Exterior_night

Kitzbuhel Tree Suites

Што можете да заклучите за некое место преку неговата архитектура?

Многу нешта се разбираат од архитектурата. Ако погледате облакодер во Кина, тој е различен од архитектурата на југот на Италија. Архитектурата е одраз на општеството. Малку работи видов во Белград, прошетавме низ центарот, каде видовме стари згради и голем парк со тврдина. Верувам дека овде сигурно има многу историја.

Peter_Pichler_Architecture_future_space_Pavilion_view

Future space Pavilion

Што е архитектура?

Архитектурата пред сè е една професија која нема ништо заедничко со работата на уметникот. Често ме прашуваат дали е повеќе уметничка или техничка професија. Според мене архитектурата нема ништо со уметност, лично многу сум инспириран од уметноста, но тоа се две различни работи. Уметникот често е многу слободен, архитектот има клиент, општина, многу регулатива и друго. Архитектурата е една професија каде се создава простор, кој на некој начин можете да го почувствувате, ако не чувствувате ништо, тоа не е архитектура, тоа се кутии, тоа се недвижности, но не е архитектура. Архитектурата мора да изразува нешто и мора да се изразува самата себеси без никакво објаснување.

Peter_Pichler_Architecture_Oberholz_1

Architecture Oberholtz

Кога одлучивте да бидете архитект?

Како дете сакав да бидам директор на циркус и на некој начин успеав во тоа кога станав директор на циркусот архитектура. Кога имав 18 години не знаев точно со што сакам да се занимавам, зборував со уметникот  Валером Пишлер, тој е роднина на мојот татко и сфатив дека архитектурата би можела да биде едно интересно искуство.

Каков студент бевте, со што би се занимавале кога не би се занимавале со архитектура?

Кога сте студент треба да се оди и на забави. Сакам да патувам и да го читам германското списание Шпигл, тоа е списание за сè, не е за архитектура. Секако сакам да поминувам време и со своето семејство, ќерката Оливија, која се роди пред седум месеци и со мојата сопруга Силвана.

Peter_Pichler_Architecture_Oberholz_9

Вие сте од северот на Италија, сте студирале во Австрија, дали се чувствувате како италијански или како австриски архитект?

Се чувствувам како италијански архитект, да не е така ќе отворев студио во Австрија, а не во Милано, но секако доаѓам од поразлична култура. Некогаш кога ќе влезам во такси во Милано, добивам коментар дека добро зборувам италијански и ме прашуваат од каде сум. Не можам да ја негирам својата култура, дома зборувавме германски и тоа е една голема предност, да си роден во Болцано, зона каде се преплетуваат германската и италијанската култура. Тоа е фантастично. Сега живееме во Милано, јас со ќерката зборувам на германски, Силвана со неа на шпански, помеѓу нас зборуваме англиски, а во Милано сме. На крај се чувствувам како Европеец.

Peter_Pichler_Architecture_Hotel_Schgaguler_15

Каква беше Заха Хадид како професорка?

Сигурно е дека имаше цврст карактер, за мене беше голема инспирација, многу ја интересираше што работат студентите на факултет, бидејќи првото истражување се работи на факултетите. Работејќи во нејзиното студио, помалку ме интересираше нејзиниот стил, кој е општо познат, повеќе ме интересираше како функционира големо студио како нејзиното и како се развиваат проектите. Таа како личност беше голема инспирација.

Испрати коментар

Scroll To Top