Насловна / Арт и дизајн / Денес во НЛБ галерија Мултимедијална изложба на Илина Арсова

Денес во НЛБ галерија Мултимедијална изложба на Илина Арсова

Денес, со почеток во 20 часот во изложбениот простор на НЛБ Галеријата, уметникот Илина Арсова ќе се претстави пред домашната публика со нејзината најнова самостојна изложба. Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 20 март, секој работен ден, од 8 до 16 часот.

NLB_Ilina_Arsova

Се работи за циклусот WHITE кој е производ од двонеделниот престој на Антарктикот и искачувањето на врвот Винсон, како последен чекор од предизвикот седум врвови на седум континенти, на кој паралелно со уметноста е посветена Илина во последните девет години.

WHITE е комбинација од слики, скици, цртежи, но и мултимедијална практика преку фотографија и видео арт од неколкугодишна изведба на перформансот ZERO. Насловот доаѓа од една поинаква реалност доживеана со последната експедиција на јужниот пол, каде што доминира белината и студенилото во пејзажот. Како што таа вели, да се доживее свет без бои е вистински предизвик и тогаш ги откриваме боите на белината.

Поставката ќе опфати и неколку постари цртежи и слики кои се премин од „Дневникот на моите височини“ (2017-2019) кон новосоздадените дела, како и сликата „7 врвови“, работена паралелно со искачувањата кои Илина Арсова ги реализира во последните пет години.

Испрати коментар

Scroll To Top