Насловна / Вести / Пешачки мост од 586 метри вистински пример на совршена хибридна инфраструктура

Пешачки мост од 586 метри вистински пример на совршена хибридна инфраструктура

Пешачкиот мост Јуанданг претставува совршен спој на провинцијата Џангсу и Шангај. Долг е 586 метри и е совршен пример за добро проектирана и обмислена хибридна структура која вклучува пејзаж, инфраструктура и архитектура.

4

8

Фигурата на мостот наликува на лента и одекнува на бранувањата на водата на езерото Јуанданг долу. Дрвјата и грмушките се вградени во мостот, давајќи изглед на пловечка градина што ги поврзува двата брега. Шест метри широката палуба на мостот е поделена на три ленти: патека за велосипеди, патека за вегетација и патека за пешачење.

7

Кривулестиот мост има и три проширени дела за одмор и уживање во погледот на езерото. Црпејќи инспирација од локалните скулптурални традиции, павилјонот на мостот го истражува современото математичко моделирање за да создаде порозен ѕид кој е истовремено и скулптура и игралиште.

1

На централната точка на мостот се наоѓа голема челична настрешница. Носена од тенки челични столбови, оваа структура совршено го покрива просторот на павилјонот. Овде, седиштата и „игралиштето за павилјонот“ вградени се во скулптурален тунел од бели перфорирани челични лимови.

3

5

Лентите за осветлување во подножјето на мостот создаваат блескав ефект на езерото во текот на ноќта, надополнет со светла поставени долж местата за седење. Осветлувањето исто така создава и сенки и рефлексии на игралиштето на павилјонот.

Овој мост е динамичен ансамбл кој на најубав (но и најефикасен) начин ги интегрира екологијата, транспортот, пејзажот и културата.

11

9

2

12

6

Испрати коментар

Scroll To Top