Насловна / Вести / ЕУ развива летала на електричен погон и на водород

ЕУ развива летала на електричен погон и на водород

Сообраќајот нагло се менува во одржлива насока. Воздушниот сообраќај има важна улога во напорите на Европската унија до 2050 година да стане првиот климатски неутрален континент, со развој на летала на електричен погон и на водород. За да влезат во комерцијална употреба, треба да се воведат големи промени во екосистемот на таа индустрија. Смислата на Сојузот за авијација со нула емисии е да го охрабри и збарза воведувањето на зелени летала, соопшти Европската комисија и ги повика актерите од приватниот и јавниот сектор на авио превозот да се придружат. Ќе се здружат претставници на производителите на воздухоплови, авио превозниците, аеродромите, енергетските компании и снабдувачи со гориво, агенции за стандардизација и сертификација, групации за заштита на патниците и животната средина и претставници на регулаторните тела.

cleanaviation1

 

Членовите ќе се занимаваат со прашања како што се потребата од гориво и инфраструктура за леталата на електричен погон и на водород на аеродромите. Леталата произведени во Европа сочинуваат 65% од пазарот на комерцијални летала на глобално ниво, изјавил европскиот комесар за внатрешен пазар Thierry Breton. Тој истакнал дека домашната индустрија треба да заземе голем удел во секророт на зелена авијација. На партнерството за чиста авијација (Clean Aviation Partnership) само од програмата Horizon Europe за истражувања и иновации му се доделени 1,7 милијарди евра. Европската комисија планира да го прошири системот за тргување со емисии (EU ETS) и на секторот сообраќај. Партнерството за чиста авијација има намера во периодот од 2027 до 2029 година да го доврши развојот на технологиите за летала без емисии, со цел најдоцна до 2035 година тие да бидат пуштени во сообраќај.

cleanaviation2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top