Насловна / Вести / Парк кој поттикнува на активно користење на просторот

Парк кој поттикнува на активно користење на просторот

Словенечкиот град Копер на Јадранското море е побогат за еден интересен јавен проект кој е сместен на самиот брег на градот.

Новиот „централен“ парк во ова место го имаат дизајнирано од словенечкото студио „Енота“ кои на градот му имаат подарено искривени пешачки патеки кои со обликот го следат брановитиот облик на паркот, а целиот облик од далечина повеќе изгледа како природата да го има направено, а не како да е тоа изграден објект.

Паркот е поврзан со шеталиштето и се наоѓа на самиот брег, што претставува почетна точка на Ривиера која го поврзува Копер со Изола.enota-koper-central-park-01-782x521

enota-koper-central-park-02-782x782

Инаку, „Енота“ овој проект го има добиено на конкурс, а вкупниот буџет изнесувал три милиони евра. Паркот се простира на површина од 26 илјади квадратни метри, а соработници во проектот виле од студиото „ Spicy Garden“ кои се задолжени за пејсажната архитектура и „ Nom biro“ кои имаат вршено инженерски, механички и електро-технички работи на проектот. Од студиото велат дека станува збор за иновативен распоред на паркот, поделен на основни блокови со брановиден облик. Нивната контролирана позиција во просторот, во комбинација со изречената топографија на зелените површини, нежно ја одделува целата површина на паркот во индивидуални интровертни програми, додека градината е збогатена со домородните медитерански растенија. Блоковите на некои места се претвораат во препреки за децата, некаде ја играат улогата на ѕидовите за качување, а некаде ги покануваат пешаците да ги користат на невообичаен начин и создаваат нови патишта за себе. Базен, прскалки, вештачки гејзери и каскади се само некои од елементите што ги поттикнуваат минувачите за активно користење на просторот. Покрај тоа, бидејќи постојат добри шанси дека новата градска плажа ќе биде поврзана со паркот, овие елементи делуваат повеќе од погодно место.

enota-koper-central-park-05-782x521

ENOTA arhitekti  Park Koper 2018

enota-koper-central-park-12-782x522

ENOTA arhitekti  Park Koper 2018

ENOTA arhitekti  Park Koper 2018

ENOTA arhitekti  Park Koper 2018

ENOTA arhitekti  Park Koper 2018

ENOTA arhitekti  Park Koper 2018

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top