Насловна / Архитектура / VELUX регионален архитектонски конкурс Bringing light to life 2018

VELUX регионален архитектонски конкурс Bringing light to life 2018

Првиот регионален VELUX архитектонски конкурс Bringing light to life 2018, со фокус на проекти кои користат дневна светлина низ покриви, заврши со церемонија на која се доделени наградите.

Доделувањето на наградите кое се одржа во хотелот Arena di Serdica во Софија, присуствуваа над 120 архитекти од Бугарија, Романија, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија. На конкурсот пристигнале 42 пријави од архитектонски бироа, со вкупно 52 проекти поделени во две категориии: резиденцијални (семејни куќи) и јавни згради. Победник во категоријата резиденцијални (семејни куќи) е Weekend Chalet, од Србија на архитектите Урош Максимовиќ и Марина Васиќ. Во категоријата јавни згради, победник е Office space for a manufacturing plant, од бугарскиот архитект Кристиан Александров. Севкупен победник, односно носител на главната награда е Rilak’s House од Србија на Mоделарт архитекти од Србија.

Во интернационалното жири за оценување на проектите се најдоа реномирани архитекти од регионот, поточно од Црна Гора, Србија, Бугарија, Романија, меѓу кои и нашиот Мартин Пановски.

Velux1

velux2

velux3

Испрати коментар

Scroll To Top