Насловна / Вести / Никој не одговара на прашањето што со дивоградбата во кањонот Матка?

Никој не одговара на прашањето што со дивоградбата во кањонот Матка?

Платформата од челична конструкција која се гради на Матка, на карпите и во езерото покрај пешачката патека низ кањонот е дивоградба.
Кањонот Матка е под надлежност на Град Скопје и Општина Сарај. Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети не одговара на повиците да објасни како при отворени очи се случува дивоградбата.

матка2Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека Градот нема ингеренции за уривање на дивата платформа на Матка, ниту да ја натера Општина Сарај да интервенира, па затоа испратиле пријава до Инспекцискиот совет. Во пријавата од Град Скопје е наведено дека за кањонот Матка нема поднесено барање за поставување урбана опрема, не е издадено било какво одобрение, ниту пак може да се издаде бидејќи е заштитено подрачје.

матка1

Но, Инспекцискиот совет за дивоградбите на кањонот Матка не одговара на прашањето дали нивни инспектори излегле на терен, што утврдиле и какви мерки ќе бидат преземени во однос на Општина Сарај која не само што не ги урива дивоградбите во Сарај, туку молчи за дивеењето во ова заштитено подрачје, јавува порталот Сакам да кажам. Тие поставиле прашање до повеќе надлежни институции што со дивоградбата во кањонот Матка, покрај барање на одговорот од Инспекцискиот совет, побарале одговор и до Државниот испекторат за градежништво и урбанизам, но и од таму молк. Од Министерството за транспорт и врски на нивното прашање дали ќе се одземат ингеренциите на Општина Сарај, одговорено е дека во понеделникот доставиле барање до Државниот испекторат да достави извештај и да предложи какви мерки ќе преземат.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top