Насловна / Вести / Париз ќе забрани туристички автобуси во центарот на градот

Париз ќе забрани туристички автобуси во центарот на градот

Градската управа на Париз планира да забрани влез за туристичките автобуси во центарот на француската престолнина. Намерата е да ги поттикнат посетителите да пешачат, возат точаци или користат јавен превоз, изјави заменик градоначалникот Емануел Грегоар.

par1
Тој наведува дека управата сака да одговори на жалбите во однос на непријатностите кои се предизвикани од масовниот туризам.
Грегоар нагласува дека ситуацијата во Париз не толку лоша како во Венеција или Барселона, но дека парижаните се загрижени поради приливот на туристичките автобуси.
„Не сакаме веќе тотална анатхија на туристички автобуси во Париз. Автобусите повеќе не се добродојдени во самото срце на градот“- истакнува Грегоар.

par3
Париз е полн со двокатни автобуси кои превезуваат туристи од еден до друг споменик, како и меѓународни туристички автобуси со кои доаѓаат туристи од разни делови на Европа.
Грегоар вели дека градската управа го чека носењето на законот како би се намалило движењето на автобусите и дека ќе направат и места за паркинг вон градот за автобусите повеќе да не влегуваат во центарот.
„Туристите како и сите останати можат да се префрлат на начини на дивижење кои одговараат на животната средина или да користат јавен превоз“, вели Грегоар и додава дека туристичките водичи би требало да се прилагодат на организирање велосипедски тури или пешачење.
Минатата година Париз и околината на градот ги посетиле рекордни 50 милиони туристи.

par2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top