Насловна / Архитектура / Малку поинаква куќа на дрво

Малку поинаква куќа на дрво

Архитектонската фирма Estudio Botteri-Connell го има осмислено објектот со симболичен назив Куќа да дрво кој е мешавина на структура која е како круна крената од земјата и околните градини преку кои наизменично се преплетуваат светлината и сенките. Оваа комбинација на отворен и затворен простор е наменета за животот на една млада брачна двојка со две деца.

kuka na drvo

Структурата на оваа куќа го дефинира просторот, како и начинот на живеење во неа. Масивните столбови на куќата го имитираат дрвото, додека плочите се шират како гранки и заедно со нивните специфични содржини ја прават круната на дрвото.

kuka na drvo1

Гледано од страна, оваа идеја навистина може да се разбере, бидејќи, благодарение на бројните конкретни конзоли и столбови, куќите изгледаат како дрвја.

kuka na drvo2

Околните дворови и терасовидни градини се испреплетуваат едни со други за да создадат засенчени простори, кои имаат различни степени на интимност.

kuka na drvo3

Водата е клучен дел од проектот. Таа во вид на езерца се провлекува под самиот објект и ја прави оваа структура уште поприродна. Елементот на водата се наоѓа на отворено, во централниот дел на куќата, а заедно со природната светлина и воздухот го прави регулаторот на атмосферата и вистинска рамнотежа меѓу изграденото и природното.

kuka na drvo4

Куќата има 180 квадратни метри простор за живеење. Објектот е дизајниран како полу-создадено „битие“ кое ги стимулира соништата и го прави искуството на „решавање“ поинтересно и поинтензивно, велат архитектите.

kuka na drvo5

kuka na drvo6

Испрати коментар

Scroll To Top