Насловна / Вести / Пандемијата не ја запре чистата енергија – рекорд на обновливите извори во 2020 година

Пандемијата не ја запре чистата енергија – рекорд на обновливите извори во 2020 година

Новиот извештај на Меѓународната агенција за енергија покажува дека обновливите извори сочинуваат 90 отсто од целиот капацитет за производство на електрична енергија изграден во 2020 година.

Капацитетите за обновлива енергија, како што се ветерната и сончевата енергија, во 2020 година забележаа најголема стапка на раст во последните две децении и овој тренд се очекува да продолжи и во годините по пандемијата, според новиот Извештај за пазарот на обновлива енергија објавен од Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА).

Wind turbines landscape in day light

Според податоците од Извештајот, во 2020 година се изградени дури 280 гигавати (GW) нови капацитети за производство на електрична енергија со употреба на обновливи извори, што претставува зголемување од дури 45 отсто во споредба со моќноста на новите капацитети создадени во 2019 година.

Ова зголемување ќе стане „нова нормалност“ со оглед на тоа што ИЕА предвидува слично ниво на градење на нови капацитети во следните две години. ИЕА наведува и дека забрзаниот раст во Европа и САД ќе компензира за малото забавување во изградбата на нови капацитети што се очекува во Кина во следните две години, по реалниот бум на крајот на 2020 година поради роковите за користење државни субвенции.

Транзицијата кон производство на обновлива енергија е главниот столб на глобалните напори за намалување на емисиите на јаглерод, но емисиите на овој гас, што придонесува за климатските промени, ќе се зголемат во 2021 година поради економското закрепнување по пандемијата и зголемената потрошувачка на јаглен. Затоа директорот на ИЕА, Фатих Бирол, изјавува дека е потребно натамошно унапредување на политиките и стратегиите во сите земји во светот.

energija1

“Сончевата и енергијата на ветерот соборуваат рекорд по рекорд и ни даваат повеќе причини да бидеме оптимисти кога станува збор за нашите климатски цели. Минатата година, обновливите извори учествуваат со 90 отсто од целиот новоизграден капацитет за производство на електрична енергија“, рече Бирол, додавајќи дека владите мора да го искористат овој добар тренд и да го надградат преку политики што ќе поттикнат поголеми инвестиции во соларна и ветерна енергија, дополнителна мрежа на инфраструктурата, и инвестиции во други обновливи извори како што се хидроенергија, биоенергија и геотермална енергија “.

Исто така, вреди да се спомене дека брзиот раст на обновливите извори во последните неколку години не престанува да ги изненадува аналитичарите. Така, во новиот извештај, ИЕА ги зголеми своите прогнози за растот на обновливите извори во наредните години за повеќе од 25 отсто во споредба со она што го предвидуваа во ноември 2020 година.

energija4

Испрати коментар

Scroll To Top