Насловна / Вести / Сер Дејвид Атенборо: Пет лекции за секој човек, за спас на планетата

Сер Дејвид Атенборо: Пет лекции за секој човек, за спас на планетата

Сер Дејвид Атенборо е еден од најпочитуваните историчари на природата, познато ТВ-лице и наратор на нашето време. Неговиот впечатлив глас одекнува низ домовите и киносалите веќе над шест децении. Секогаш со силна и универзална порака – да ја спасиме природата, да ја спасиме планетата. Откако ги започнал своите светски познати истражувања во 1954 година, тој стапнал на секој континент и речиси во секоја држава. Но, разликата тогаш и сега е огромна. Во тие педесетти години од минатиот век, најголем дел од дивата природа на нашата планета била навистина недопрена.

david-attenborough-a-life-on-our-planet-feature

Многубројни се неговите филмови и документарни серии со кои низ изминатите децении го предупредува човештвото и ја подига свеста за заштитата на природата. Исклучително успешна е неговата програма од девет серии „Живот“ (Life), емитувана во 1979 година. Таа има поинаков агол на набљудување на нештата во споредба со неговите најскори остварувања, како што се „Климатски промени: Факти“ (Climate Change: The Facts) од 2019 и „Дејвид Атенборо: Животот на нашата планета“ (David Attenborough: A Life on our Planet) од 2020 година. Најголемиот дел од неговите документарци во почетокот на кариерата, се фокусирани на прекрасните и разновидни видови на Земјата, додека неговите последни дела испраќаат силни пораки за катастрофалните ефекти од климатските промени и за важноста на одржливиот развој.  И покрај исклучително долгата и плодна кариера, 94-годишниот Британец не размислува за пензионирање. Преку комбинирање на извонредната нарација со факти, прекрасни слики и исклучително вредни животни лекции, тој ги пренесува важните пораки на начин на кој тоа не може да го стори ниту еден научен труд. Неговата работа јасно укажува дека доколку ништо не се стори, светот каков што го познаваме веќе нема да постои. За среќа, Атенборо често нуди бројни лекции за човештвото. Овие негови лекции, доколку соодветно се следат, може да придонесат во спасот на нашата планета.

Дејвид Атенборо: Живот на нашата планета

Во документарецот „Живот на нашата планета“ (A Life on our Planet), што може да го најдете на Netflix, Атенборо споделува суштински и сеопфатни  информации за тоа како нашата планета се менувала во последните децении. Филмот во времетраење од 83 минути е всушност едно „лично сведоштво“ како што самиот вели. Се протега низ неговиот животен век и споделува непријатни факти за тоа како Земјата се менувала во текот на времето. Кон секое важно поглавје во животот на Атенборо, на екранот се појавува панел со статистички податоци. На пример, во 1937 година Земјата имала 2,3 милијарди жители, дивиот свет се протегал на 66 % од нејзината површина, а емисиите на јаглероден диоксид во атмосферата изнесувале 280 ppm (parts per million). Контрастот со 2020 година е фрапантен. Светската популација е 7,8 милијарди, дивиот свет е ограничен на 35 % од површината на Земјата, а емисиите на јаглероден диоксид во атмосферата изнесуваат 415 ppm.

Но, не е сè така црно и бело. Атенборо ги споделува своите размислувања за тоа како да се воспостави повторна рамнотежа на биодиверзитетот и да се врати балансот на природата, додека во исто време креираме поздрав и поеднаков свет за луѓето.

EjkrJe1XkAE63J6

 1.       Користете само обновливи извори на енергија

„Ние сме крајно поврзани и зависни од ограничениот природен свет околу нас“, вели Атенборо во еден од своите филмови. Некои од овие ограничени и штетни ресурси од кои ние како луѓе зависиме се фосилните горива. Со согорувањето јаглен и нафта, глобалната температура на воздухот се зголемува просечно за 1°C во текот на само еден човеков животен век. Ако продолжиме на овој начин, ќе продолжиме да ја затоплуваме планетата и да го уништуваме нејзиниот биодиверзитет. Нашите океани не се способни да ја акумулираат целата таа екстра топлина која ја генерираме, па Северниот и Јужниот Пол се загреваат. Ова е детално прикажано во документарецот на Атенборо од 2011 година „Замрзната планета“ (Frozen Planet). Мразот на Арктикот веќе е редуциран за 40 % во текот на само 40 години. Сега бродовите лесно минуваат низ претходно непроодните води поради топењето на мразот, тренд кој и натаму не запира.

NINTCHDBPICT000603037612-1

Со напуштање на фосилните горива и свртување кон обновливите извори на енергија, Атенборо објаснува дека ќе се возобнови биодиверзитетот, градовите ќе бидат почисти и нема да стравуваме дека ресурсите ќе  се потрошат. Тогаш, зошто да чекаме?

2. Воведете зони на забранет риболов

Во филмот од 2001 година, „Сината планета“  (Blue Planet), ги објаснува фасцинантните пространства на нашите океани, осврнувајќи се на поврзаноста помеѓу живиот свет на копното и оној во водите. Околу 90 % од сите големи видови риби исчезнале од океаните во последните 50 години, што е резултат на прекумерното и неконтролирано рибарење. Со уништувањето на овие видови, ја уништуваме рамнотежата на океаните неопходна за нивната одржливост.  Исчезнувањето на голем број видови има драматичен импакт врз синџиот на исхраната и ќе доведе до ситуација на празни океани – уништување важен извор на проетеини и нутриенти и за терестријалниот и за акватичкиот живот.

4284

Со воведување зони на забранет риболов, Атенборо објаснува дека коралните гребени и рибниот фонд може да се обноват. Доколку само една третина од крајбрежјата на морињата се претвори во зони забранети за риболов, тоа е доволно за реставрација на рибниот фонд, ефективна борба со климатските промени и поголема понуда на разновидна риба за одржливо и одговорно рибарење.

3. Префрлете се кон исхрана базирана на овошје и зеленчук

Да се живее одржливо со светот околу нас, значи многу повеќе од  исфрлање од употреба на фосилните горива и воспоставување зони забранети за риболов. Тоа исто така значи и драстично менување на нашиот начин на исхрана. Атенборо укажува дека треба да се адаптираме кон диета базирана главно на намирници од растително потекло, бидејќи нашата планета едноставно не може да издржи милијарди месојадци. Ова е поврзано со фактот дека за хранење доволно стока наменета за исхрана на луѓето, сточарите трошат несразмерно многу  повеќе  ресурси. Во моментот, сточниот фонд зафаќа 80 % од глобалното земјоделско земјиште, а продуцира помалку од 20 % од вкупната испорака на калории во светот. Со промена на начинот на исхрана, така што ќе се намали или елиминира месото и ќе се фаворизира храната од растително потекло, земјиштето ќе се користи поефикасно и ќе се обезбеди доволно храна за секој од нас.

Ejkrs6gWkAA8k8_

4. Запрете ја дефорестацијата и обновете ги шумите

Шумите се важни центри на биодиверзитетот и „понори“ на јаглерод, кои го намалуваат негативното влијание од емисиите на CO2. Исто како и во примерот на океаните, Атенборо објаснува дека колку поразлични се нашите шуми, толку тоа е подобро за живиот свет. За жал, дефорестацијата зема замав низ целиот свет со неверојатна брзина. За само 20 години, од 1950 до 1970, дождовните шуми на Борнео се редуцирани за половина. Овие страшни бројки се „бенигни“ споредено со следниот факт – во Југоисточна Азија се уништени половина од дождовните шуми во светот, само во последните 50 години.

AAAABbPCtxyVlv0yKMScL_OudYuDGBhRcuUMdiV9ej0t_xGQDA_1qY8sjNG72bqyMwLqI6xEE9UB12L6rAfUovl8lzGVglVvaU8h30UM0Wkm9lV3PIR8UG9n_2tgyb56bQ

Разновидноста е клуч за здрава шума, Во „Живот на нашата планета“ (A Life on our Planet), Атенборо објаснува дека само едно мало парче од дождовна шума содржи 700 различни видови растенија. Сите овие видови се интегрален дел од здравјето на дождовната шума, нејзиниот животински свет, нашата животна средина и на крајот – се дел од самите нас.

5. Садете автохтони дрвја во Вашето опкружување

Nature-is-our-biggest-ally-and-greatest-inspiration

Во Вашето опкружување потребно е да засадувате видови дрвја кои се карактеристични за тоа поднебје. Само на тој начин ќе се возобноват природните живеалишта и ќе се забават климатските промени.

Презентираните пет лекции секаде може да се спроведат, а акција е неопходна веднаш. Еден негов цитат е посебно впечатлив: Сето она што не можеме да го правиме засекогаш, по дефиниција е неодржливо“. Во моментов ние живееме неодржливо, и така е за жал со години. Според тоа, ако продолжиме да живееме на истиот начин, неизбежно е дека ќе престанеме да постоиме како вид, вели Атенборо.

MV5BZGFhMGNmNDktYjY0Mi00YWE1LTlmMDQtZTBiNmU4NGYzZjZkXkEyXkFqcGdeQXVyNTA4NzY1MzY@._V1_

 

Испрати коментар

Scroll To Top