Насловна / Вести / Паметниот град на индината на Toyota, наскоро станува реалност

Паметниот град на индината на Toyota, наскоро станува реалност

Замислата на компанијата Toyota, за изградба на пеметен град во Јапонија, кој ќе служи и како лабораторија за тестирање на нови технологии, наскоро станува реалност. Планирано е во овој град на иднината да се тестираат роботи и автономни возила, како и технологии кои се неопходни за понатамошен развој на паметни куќи и вештачка интелигенција. Првите 360 жители на градот ќе бидат семејства и инвеститори кои ќе го населат Woven City во следните пет години.

woven1

woven2

Единствениот материјал кој ќе се користи во изградбата ќе биде дрвото, со цел минимална емисија на јаглерод диоксид и максимална енергетска ефикасност. Woven City ќе биде лоциран во близина на Токио, на местото на некогашна фабрика. Јапонија планира до 2050 година да биде јаглеродо неутрална земја и постепено сите градови да се угледаат на примерот од Woven City. Во овој град улиците ќе бидат поделени на оние кои ги користат пешаци, велосипедисти или автономни возила. При испорака на стока на домашна адреса ќе се користат роботизирани, автономни уреди. Градот ќе биде опремен со уреди кои ќе им го олеснуваат животот на старите лица. Јапонија е меѓу најстарите нации на светот, па оваа демографска група е особено важна при осмислувањето на планот за функционирање и инфраструктурата на градот. Здравствената состојба на жителите ќе се следи со помош на сензори, а планот е во него да живеат вкупно 2.000 луѓе. Toyota знае дека во иднина не може да опстане „само“ како фабрика за втомобили, па затоа гледа во иднината и новите технологии како на огромна прилика.

woven3

woven4

woven5

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top