Насловна / Вести / Русија забрзано се подготвува за крајот на „ерата на нафтата“

Русија забрзано се подготвува за крајот на „ерата на нафтата“

Од Москва доаѓа по малку незамислива и многу важна вест – Русија се подготвува за крајот на „нафтената ера“. Имено, ревидираната руска нафтена стратегија која оди на одлучување во Думата, се фокусира на максимизирање на профит од извозот на сирова нафта пред достигнување на максимумот на производството  во периодот 2027-2029 година, по кој ќе се забележи пад во светската побарувачка. Тоа стои во нацрт документот за развој на нафтениот сектор до 2035 година, кој Думата ќе го расправа, а на 22-ри април би ребало да биде усвоен од Владата. „Главната теза во оваа стратегија е монетизација на тековните резерви и ресурси – односно максимална монетизација на извозот“, рекол  Pavel Zavalny, челник на енергетскиот одбор во Думата, при претставувањето на овој документ. „Се што може да се произведе, треба да се произведе додека сеуште постои побарувачка“ додал тој. Нацртот на документот, кој министерството за енергетика го подготвува и ревидира секоја година, ги зема во предвид последиците од тековната пандемија, како и забрзаните трендови за декарбонизација на глобално ниво, што може да доведе до пик во побарувачката на нафта на светскиот пазар пред 2030 година, објави SP Global.

russia1

За почеток, пандемијата го зема данокот. Министерството прогнозирало дека производството на сирова нафта во 2021 година ќе биде практично непроменета во однос ан нивото од 2020 година. Русија ја истакнува заштитата на својот пазарен удел на меѓународниот пазар како една од своите главни цели за 2021 година. Од почетокот на годинава, Русија успешно се залага за зголемување на својата извозна квота согласно договорот  OPEC +. Во Русија веќе се анализираат дополнителни мерки за поддршка на нафтените проекти. Даночните олеснувања и вложувања во технологии ќе бидат пресудни не само за поддршка на производството на постоечките нафтени полиња, туку и за развој на оние во арктичкиот регион.

FILE PHOTO: A well head and drilling rig in the Yarakta Oil Field, owned by Irkutsk Oil Company (INK), in Irkutsk, Russia

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top