Насловна / Вести / Овој кинески воз е најбрзото копнено возило на светот

Овој кинески воз е најбрзото копнено возило на светот

Прототипот на супербрзиот воз наречен super bullet train maglev, се симна од производната лента во Ченгду. Тоа е главен град на провинцијата Сечуан, на југозападот од Кина, а возот развива максимална брзина од 620km/h. Се работи за првиот воз од овој вид кој користи високотемпературна спроводливост на maglev (magnetic levitation) технологијата, и во целост е проектиран и произведен во Кина.

Оваа технологија се разликува од постоечките maglev технологии, кои користат суперспроводливост при ниски температури или нормално спроводлива магнетна левитација. Оваа новина ќе овозможи постабилно возење. Изработен е од лесни јаглеродни влакна, со „нос“ во облик на куршум и според производителот е најбрзото копнено возило на светот. Имено, овој воз е двојно побрз од возот Eurostar, и при декларираната брзина, од Лондон до Париз би се стигнувало за 47 минути. Возот се планира да биде целосно оперативен во наредните три до десет години.

maglev1

maglev2

maglev3

maglev4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top