Насловна / Вести / Полска усвои „историски“ закон за ветерните електрани на вода

Полска усвои „историски“ закон за ветерните електрани на вода

Полска го усвои својот прв закон за ветерни електрани на вода (offshore), кои би требало да придонесат во напуштањето на фосилните горива, но исто така се очекува од оваа земја да направи најголем производител на енергија од ветерот во Балтичкото море. Полска во моментот нема ветерни електрани на море, додека над 70% од електричната енергија во земјата се произведува од јаглен, а 10% од природен гас и нафта. Од друга страна, ветерните електрани на копно се најголемиот извор на обновлива енергија во Полска, со удел од 10% во енергетскиот микс. Во полскиот Национален енергетски и климатски план (NECP), ветерните електрани на вода се наведуваат како клучна технологија за диверзификација на енергетскиот микс и намалување на емисиите на CO2.

Новиот закон предвидува финансиска поддршка за инвеститорите за изградба на 5,9GW капацитет за ветерни електрани на вода, и овие средства ќе бидат достапни до крајот на оваа година. Потоа, Полска преку аукции ќе доделува договори за разликите во цени (Contracts for Difference – CfD). Првите ветерни турбини на море во Полска би можеле да бидат поставени до 2025 година, а во законот е предвидено до 2030 година да се инсталираат 3,8GW. Целта за 2050 година е 28 GW, што ќе ја направи Полска најголем производител на електрична енергија од ветерни електрани на Балтичкото море.

polandoffshore1

polandoffshore2

Во ноември 2020 година, Европската комисија ја усвои стратегијата која предвидува вкупниот капацитет на ветерните електрани на вода во Европската унија до 2050 година да се зголеми 25 пати. Полската асоцијација за енергија од ветерот  (Polish Wind Energy Association – PSEW) смета дека големите проекти во ветерни електани би можеле да привлечат инвестиции од 29 милијарди евра, како и отворање на десетици илјади работни места. Новиот закон исто така ќе придонесе во опоравување на полската економија  од последиците од пандемијата.  Камила Тарнацка, претседател на PSEW, изјавила дека развојот на овој сектор ќе помогне во ревитализацијата на бродоградилиштата и пристаништата, при што пристаништата како Шчеќин, Гдањск и Гдиња ќе се претворат во центри за складиштење, монтажа, транспорт и одржување на ветерните турбини за електраните на море.

polandofshore3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top