Црните рози природно растат во југоисточна Турција, на источниот брег на реката Еуфрат. Местото Халфети е познат по тоа што е единствената област во светот каде што успеваат рози во црна боја.
Оваа необична природна појава се должи на хемискиот состав на почвата и на подземните води што доаѓаат од Еуфрат. Бројот на црните рози се намалува и тие се прогласени за загрозен вид.
Имено, на ова подрачје е изградена големата брана Birecik, поради што Халфети делумно е потопен, а поради нарушеното природно станиште, на црната роза и се заканува изумирање.
Оваа уникатна роза цвета во темноцрвена до црна боја, што е нејзината највпечатлива карактеристика што ја разликува од другите видови рози.
Оваа извонредна боја се содава од комбинација на структурата на почвата на која расте розата и климатските услови во регионот. Црната роза има не само естетска вредност, туку се смета и за симбол на локалната култура и природното богатство. Постојат многу легенди за овој вид на цвеќе кои со векови се пренесуваат од колено на колено. Овие легенди дополнително ја продлабочуваат мистеријата зад извонредната боја и убавина на црната роза. Црната роза е природно богатство кое е единствено во светот и треба да се заштити, бидејќи расте само на географски ограничен простор.