Насловна / Вести / Отворен новиот мост во Џенова на местото на Моранди

Отворен новиот мост во Џенова на местото на Моранди

Претседателот на Италија, Серџо Матарела вчера го отвори новиот мост во Џенова – Сан Џорџо, кој е изграден на место на мостот Моранди, кој се сруши пред две години на 14. август 2018. година кога загинаа 43 луѓе.

7_resize

Мостот е изграден за нешто повеќе од една година, откако е прогласена вонредна состојба поради рушење на стариот. Врз основа на вонредната состојба можеле да се избегнат разни административни процедури. По одржување на церемонијата на отварање, претседателот на Италија Матарела ја пресече лентата со што го отвори новиот мост кој е проектиран од џеновскиот архитект Ренцо Пиано, а изграден од компаниите Webuild и Fincantieri. Но ќе бидат потребни уште неколку дена контрола пред да почнат да се обраќаат возила по мостот. На свеченоста на отварањето не беа присутни членовите на семејствата на загинатите, но претседателот на Италија ги посети. Семејствата и пожарникарите кои помоагаа во несреќата ја бојкотираа церемонијата, јавува АП. Тие се незадоволни поради тоа што компанијата која го одржуваше мостот Моранди, ќе биде задолжена и за новиот мост уште некое време, и покрај тоа што лошото одржување се истражува како можна причина за рушење на стариот мост.

3_resize

„Градбата на мостот треба да биде почеток на обнова на Италија, по епидемијата на вируспт Ковид – 19“, вели премиерот Џузепе Конте.

Изградбата на мостот помина низ неколку етапи. Четири дена по рушењето на Моранди се одржа погребот на жртвите. Политичарите ветија дека се ќе направат за што побрзо да се изгради нов мост, без кој Џенова, особено нејзиното пристаниште, е парализирана. Архитектот Ренцо Пиано на седми септември 2018. година го претстави својот проект за новиот мост. После многу расправи за тоа како да се донесат мерки за забразување на градбата, владата во средина на ноември донесе закон за обнова на мостот, потоа тој е усвоен во парламентот и за комесар за градба го назначи градоначалникот на Џенова, Марко Бучи, кој врз основа на пристигнатите понуди одлучи кому да ја додели работата. Клучните работи требаше да ги изврши компанијата Fincantieri, која досега никогаш не градела мостови, туку бродови.

6_resize

„Ние веднаш се кандидиравме за градење на мостот, со оглед на тоа што произведуваме. Секако дека мостот треба да биде од челик. Но треба и да се каже дека во цел свет се градат само челични мостови“, изјави своевремено Џузепе Боно, управителот на Fincantieri. Неколку дена потоа Ренцо Пиано изјави дека е задоволен со фактот дека компанија која гради бродови се кандидирала за изградба на мостот. „Пиано веќе работеше со нас на проектирање на крузери. И ни кажа ќе изградиме мост-брод. Се тоа се случуваше во рок од една недела. Ќе видите дека на крај ќе има форма на брод. Пиано кажа дека мостот мора да биде од челик и да трае илјадници години. Ова е мост изграден со најсовремена технологија. Има можност одвнатре да се надгледува со сензори“,изјавил Боно.

1_resize

Новиот мост е поставен на 18 столба (17.500 тони челик), има 19 делови, висок е 40 метри, а долг е 1067 метри и изграден точно за 313 дена од поставување на камен темелникот. Fincantieri ги испочитувал роковите. „Во нашиот ДНК всаден е рок, ако нарачаните крузери не го испочитуваат рокот, постојат пенали кои можат да не упропастат. Покрај тоа, имаме многу бродоградилишта и можевме да користиме повеќе работилници-фабрики за преработка на челикот потребен за мостот“, изјави Боно. Под стариот мост има и згради кои се веднаш евакуирани, околу 3500 луѓе. Последните делови на стариот мост срушени се кон крајот на јули 2019. година. Градилиштето на новиот мост отворено е на 1. јули 2019. година, што значи дека мостот е изграден за една година. Деноноќно работеле околу 1.200 работници. На мостот се поставени и 43 светилки во знак на сеќавање на жртвите.

2_resize 9_resize 8_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top