Насловна / Вести / Општина Сарај ќе ги урива приколките на „Езеро Треска“, изградени од самопридонес на скопјани

Општина Сарај ќе ги урива приколките на „Езеро Треска“, изградени од самопридонес на скопјани

На крајот на минатата година  сопствениците на камп-приколките во спортско-рекреативниот центар „Езеро Треска“ година од општина Сарај добија рок од 60 дена да ги иселат приколките. Оваа наредба општината Сарај им ја соопшти на сопствениците на приколки кои долги години се закупци на ова место. Сепак, сопствениците не се согласуваат со ваквата одлука на општината барајќи решение за проблемот, а најавија и протести во вторник, велат дека правдата ќе ја бараат на суд, а приколките ќе ги постават пред владата и пред Град Скопје. Според здружението на кампери, во моментов има над 500 приколки во близина на езерото Треска, од кои над 350 се активни.

ml2

Првиот човек на Сарај, Блерим Беџети, под чија надлежност од 2014 година е„Езеро Треска“ за телевизијата Алсат изјави дека е категоричен во одлуката за отстранување на кампинг приколките. Тој изјави дека чистењето на овој дел има врска со прогласување на бесплатна туристичка област на езерото Треска.

ml1

Според плановите на владата за враќање на сјајот на езерото Треска, околу ќе се гради викенд населба, хотелски комплекс и спортско-рекреативен центар за развој на еко туризам. Владата донесе и одлука дел од земјоделското земјиште во селата Глумово и Шишево, кое се наоѓа околу езерото да се пренамени во градежно, за да може Општина Сарај да направи Детален урбанистички план во кој ќе ги вцрта маркичките за хотелски комплекс и викенд населба. За изградба на овие содржини ќе се бара приватен инвеститор, кој воедно ќе треба да го врати во функција и езерото Треска кое 20 години не работи.

ml

Езерото Треска поради загаденост на водата и забрана за капење е затворено во 1998. Спортско- рекреативниот центар е изграден во 1978, со самопридонес на жителите на Скопје на површина од 136.000 метри квадратни и капацитет за 10.000 капачи.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top