Насловна / Вести / Избрани најдобрите карикатури на конкурсот „Мини хидроцентрали – макси разорување“

Избрани најдобрите карикатури на конкурсот „Мини хидроцентрали – макси разорување“

Со намера да го свртат вниманието на јавноста кон погубните еколошки ефекти од изградбата на малите хидроелектрани (МХЕ), како и на бескрупулозноста и алчноста на оние кои одобруваат и реализираат такви проекти, организацијата „Чувари на Шара“ и Здружението на карикатуристи на Србија – FECO, одржаа меѓународен конкурс за карикатура на тема “Мини хидроцентрали – макси разорување“, кој беше отворен како за професионални така и за карикатуристи аматери од целиот свет. Пристигнале околу 350 трудови од над 100 автори од 40 земји, а на најдобрите им се доделени награди.

Според зборовите на Небојша Реџиќ од „Чувари на Шара“, организација чија цел е унапредување на системот за заштита на животна средина на локално, национално и глобално ниво, властите мирно набљудуваат, поддржуваат и најблаго речено учествуваат во девастирањето на планините, реките и шумите. Изложбата на карикатурите од конкурсот ќе биде организирана на 28-ми јануари во Белград. Првата награда на конкурсот ја делат двајца карикатуристи од Србија – Тошо Борковиќ и Владан Николиќ, втората награда му припаѓа на Есмаеил Бабаеил од Иран, а третата ја добил Лазо Средановиќ од Црна Гора.

mhemaxi1

mhemaxi2

mhemaxi3

mhemaxi4

Испрати коментар

Scroll To Top