Насловна / Вести / ОН повикуваат на мораториум за системите за вештачка ителигенција

ОН повикуваат на мораториум за системите за вештачка ителигенција

Обединетите Нации (ОН) повикаа да се воведе мораториум на некои системи за вештачка интелигенција, како што е препознавањето лица, додека не се утврдат елементите за заштита на човековите права. Апелираат дека е неопходно да се процени ризикот кај различните системи врз правото на приватен живот или слобода на движење, а потоа да се забранат или силно да се регулираат оние кои претставуваат најголема опасност. Но, додека се чека на тие процеси, државите треба да воведат мораториум на технологиите кои потенцијално претставуваат голем ризик. Извештајот кој е направен на барање на Советот на ОН за човекови права, заклучува дека овие технологии често се употребуваат, без притоа да биде прописно оценето како функционираат и какво влијание ќе имаат. Ризиокот од диксриминација поврзан со одлуките базирани на вештачката интелигенција е повеќе од реален. Станува збор за одлуки кои можат да стигматизираат или да наштетат некому.

UNAI1

UNAI2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top