Насловна / Вести / Кои автомобили трошат повеќе, а кои помалку од фабрички декларираните податоци

Кои автомобили трошат повеќе, а кои помалку од фабрички декларираните податоци

Британскиот WhatCar спроведе тестирање и истражување на автомобилите и нивната потрошувачка, односно разлика во потрошувачката во однос на официјалните податоци. Новиот официјален WLTP тест кој е актуелен од 2019 година, многу е поблиску до вистината од претсходно користениот NEDC тест. Автомобилите кои ги тестирале британците, имале во просек 6,3% полоши резултати отколку на официјалниот тест кој Европската унија го бара од сите автомобили за утврдување на нивната потрошувачка.

test1

Како и другите тестирања, и овие спроведени од страна на WhatCar се направени во лабораториски услови, но базирани на реалното возење низ градовите, како и по автопатиштата.

Добитници

Зачудува фактот што неколку автомобили во студијата постигнале уште подобри (поекономични) резултати од официјалните податоци. Ова се петте најдобри резултати:

5. Honda Civic Type R

Многу впечатливо 5-то место за Hond Civic Type R. Спортскиот автомобил со 320 hp, се покажал 9,2% поекономичен отколку на WLTP тестот.

4. Dacia Duster

Овој модел е веќе познат по тоа што нуди доста за вложените пари, а економичноста на моторот е уште еден плус. Овој автомобил троши 10,1% помалку од фабрички декларираното.

3. Volkswagen Up!

Малиот и лесен градски автомобил има 10,5% помала потрошувачка, во споредба со официјалните тестови.

2. Honda CR-V (hybrid)

CR-V на WhatCar тестот покажал за 12,3% повисока економичност.

1. Ford Ranger Pick-up

Дури 18,6% подобри резултати, отколку на официјалните тестови

test2

 

Губитници

Во продолжение с еприкажани петте најлоши резултати од тестирањето:

5. Audi A3 

Audi A3 седан, имал 16% полоши резултати од декларираните.

4. Renault Clio

Renault Clio со хибриден погон, трошел 16,9% повеќе од наведената потрошувачкка според WLTP.

3. Ford Fiesta

Со 20% повисока потрошувачка, на третото место е Ford Fiesta со 1.0 бензиски мотор и 155 hp.

2. Suzuki Swace Hybrid (“препакувана” Toyota Corolla караван под брендот на Suzuki)

И на претпоследното место е хибрид,  Suzuki Swace, со  21,6% полош резултат од својот WLTP тест.

1. BMW 420d

Најголемиот губитник од ова тестирање е  BMW 420d. Според WhatCar тестот, разликата во потрошувачката кај овој модел е дури 26,4%.

test3

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top