Насловна / Вести / Одржувањето на патиштата го намалува ефектот на стаклена градина

Одржувањето на патиштата го намалува ефектот на стаклена градина

Одржување на патиштата во добра состојба заштедува пари и енергија и доведува до намалување на емисиите на стакленички гасови, се наведува во студија предводена од Rutgers School of Engineering.

Истражувачите откриле дека продолжување на времетраењето на патиштата може да ги намали емисиите на стакленички гасови до два отсто. Транспортните компании може да ја намалат потрошувачката за 10 до 30 отсто, а возачите може да заштедат околу 2 до 5 отсто од потрошувачката на гориво, абењето на гумите, за поправка на возила и трошоците за одржување кое се должи на мазните површини.

Истражувањето ќе им помогне на транспортните компании при изборот на соодветни стратегии за одржување, особено оние кои го земаат предвид влијанието на животната средина.

Odrzavanje-puteva-smanjuje-efekte-staklene-baste-1601-1

Одржувањето на патиштата доведува до значителни придобивки за животната средина како резултат на подобрување на состојбата на површината, што резултира со мазен коловоз, заштедува енергија и ги намалува трошоците на корисникот.

Третманите вклучуваат тенко покривање, примена на тенок слој од течен асфалт на коловозот преку кој се нанесува чакал со мала големина на зрно, со битуменска кашеста маса (дисперзирање на асфалт емулзија преку коловозот и поставување на агрегати) и запечатување пукнатини.

Студијата покажа дека тенкото покривање доведува до најголемо намалување на вкупните емисии на јаглерод диоксид, за два отсто, поради голем пад во грубоста на патот.  Методот на запечатување на пукнатините доведува до најголемо намалување на емисиите, 0,5 отсто, но сите методи на превентивно одржување ги намалат вкупните емисии. Истражувачите имаат развиено алатка за процена на животниот циклус кој се занимава со утврдување на влијанието на проектите во областа на изградбата на патот врз животната средина.

Студијата ги вклучува истражувачите од Rutgers School of Engineering и нивните соработници од Државниот универзитет во Северна Дакота и Универзитетот Al-Mustansiriyah во Ирак.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top