Насловна / Вести / Најдолг 3Д печатен пешачки мост на светот

Најдолг 3Д печатен пешачки мост на светот

Во Шангај е завршен најдолгиот бетонски пешачки мост на светотот изграден со технологија на 3Д печатење. Го проектирал професорот Xu Weiguo од Tsinghua University – Zoina Land Joint Research Center for Digital Architecture, кој инспирацијата ја пронашол во древниот мост Anji во Zhaoxianu во Кина. Мостот е долг 26,3 метри.

1
Еднолачната конструкција е направена со помош на системот за 3Д печатење кој користи бетон. Системот го развил тимот на професорот Xu Weiguoa, интегрирајќи го дигиталниот дизајн, ефикасноста на потрошувачката, паметната технологија и динамиката во архитектурата. Со околу 3,6 метри ширина, ракохватите на мостот обликувани се како брановидни траки на лакот, создавајќи ефект на лесно и елегантно движење преку езерцето во шангајскиот Wisdom.

5
Мостот е изграден од 44 издлабени 3Д печатени бетонски единици, додека ракохватите се поделени на 68 единици. Компонентите на мостот отпечатени се од композитни материјали, кои содржат бетон армиран со полиетиленски влакна кои по структуралните карактеристики одговараат на конвенционалните материјали.

6
Процесот на проектирање вклучувал и конструкција на физички модел на мостот во размер 1:4. Моделот е направен за да ја демонстрира одржливоста на мостот и за да докаже дека може да ги издржи пешаците кои преминуваат и се задржуваат. За изградба на конструкцијата печатени се бетонски компоненти со две роботски „раце“ во времетраење од 450 часови. Се проценува дека поедноставениот процес заштедил 33% во споредба со конвенционалниот процес на градење, воглавном поради елиминација на шаблонот и арматурните шипки.

3

Во мостотот е ставен и систем на следење и обезбедување податоци за вибрации на напрегнатите жици, деформации и промени. Резултатите ќе овозможат подобро разбирање на практичните карактеристики на новите бетонски материјали и структурните својства на 3Д печатените компоненти.

4
Бетонот не е единствен материјал кој проаѓа низ големи промени кога се во прашање технологиите на 3Д печатењето. Columbia University оваа година претстави нова техника за 3Д печатење и скенирање, така што „произведе“дрво со автентичен изглед. Во меѓувреме, првиот челичен мост на свет изграден со технологија на 3Д печатење неодамна беше претсавен на „Dutch Design Week“.

7

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top