Насловна / Вести / Одржан Ден на безбедноста и здравјето при работа во компанијата „Винербергер“

Одржан Ден на безбедноста и здравјето при работа во компанијата „Винербергер“

Под мотото „Никогаш не ги заобиколувај правилата и процедурите за безбедно вршење на работните задачи“ компанијата „Винербергер“ од Виница организираше Ден посветен на безбедноста и здравјето при работа за своите вработени.

VKR02512

 

На 18 октомври, во фабриката на „Винербергер“ во Виница, по вторпат беше одржан Денот на безбедноста и здравјето при работа. Целта на настанот беше преку презентации, игри и забава да се подигне свеста на вработените дека безбедноста и здравјето при работа се и мора да останат на прво место.

VKR02327

Сите вработени во компанијата, учествуваа во разни сегменти од програмата. Настанот започна со вежбата за евакуација при симулиран пожар и реакција од страна на противпожарната единица во Виница, а продолжи со презентации за безбедноста и здравјето при работа, ракувањето со машини, санација на повреди и укажување на прва помош. Интересен дел беше уредот за симулација на алкохолизирана состојба, преку кој секој од вработените можеше да тестира како се губи контрола при употреба на алкохол и да се извлече соодветна поука.

VKR02575

Вработените се најголемиот капитал во нашата компанија и затоа „Винербергер“ постојано инвестира во нив и се грижи за нивната безбедност и здравје при работата. Таа грижа трае 365 дена во годината, а овој ден е уште една, видлива потврда за тоа. Сакајќи да ја подигнеме свеста на повисоко ниво во однос на оваа тема, на настанот ги поттикнавме сите вработени да размислуваат за БЗР и постојано да даваат сугестии за подобрување на условите за работа, со цел да се избегнат постоечки опасности и ризици, вели Искра Спасовска, Директор на Производство и Член на Одбор на директори.

VKR02310

На настанот беа споделени и визијата и вредностите на компанијата на групациско ниво, како четири главни столба на стабилноста на „Винербергер“: доверба, почит, страст и креативност. Преку игри во тимови за секоја од вредностите, вработените имаа можност низ забава да применат некоја од овие вредности и тимски да се поврзат едни со други.

Компанијата продолжува со својата визија да се грижи за подобро утре и посветено да нуди иновативни градежни решенија.

Погледнете го видеото од настанот:

WB-Logo-no-tagline-1

Испрати коментар

Scroll To Top