Насловна / Вести / Збор, два за Андреа Бранци – архитект и креатор на утопии (1938-2023)

Збор, два за Андреа Бранци – архитект и креатор на утопии (1938-2023)

Италијанскиот архитект и дизајнер Андреа Бранци, еден од основачите на реномираното студио Archizoom Associati, почина на 84-годишна возраст.

2

Андреа Бранци е роден во Фиренца во 1938 годинаа, а во 1966 година го основа студиото Archizoom Associati, заедно со Гилберто Корети, Паоло Деганело и Масимо Морози. Оваа експериментална група позната по своите иновативни проекти кои заедно со групата Суперстудио, на меѓународно ниво ја лансира на светско ниво италијанската авангарда на 1960-тите и 1970-тите, особено експерименталното движење познато како радикална архитектура.

1

Во текот на шестдецениската кариера, тој создаде бројни авангардни предлози, вклучувајќи го и визионерскиот град No-Stop-City (1969), урбана утопија, изум предложен како надреалистички проект за градот, составен од наратив на континуирана станбена структура, надоврзувајќи се на оние на Јона Фридман и јапонскиот метаболизам.

3

Често неговото личен печат ќе го обележат и серијата дизајнерски парчиња мебел создаден со намера да ги предизвика вообичаените постулати од тоа време, како што е троседот Superonda (1967), (произведен од Полтронова), столот Mies (1968) или модуларниот тросед Safari (1968), парчиња кои беа создадени со намера да ги предизвикаат конвенционалните сфаќања за тоа како истиот се користи во секојдневието. Неговите креации се произведени од неколку престижни брендови за мебел во светот, меѓу кои Alessi и Cassina..

4

Во 2022 година, Бранци ја доби наградата за италијанска архитектура за животно дело, истакнувајќи различни награди во текот на неговата кариера, вклучително и три Compasso d’Oro во 1979, 1987 и 1995 година. Во неговата богата авторска биографија се вбројува и основањето на Академијата Domus, приватно училиште за дизајн како и кариерното делување како редовен професор на Политехничкиот факултет во Милано.

Испрати коментар

Scroll To Top