Насловна / Архитектура / Одложување на сите настани и вонредно работно време на Комората ОАИ

Одложување на сите настани и вонредно работно време на Комората ОАИ

Како мерка за превенирање на ширењето на вирусот Covid-19, во согласност со препораките на Владата на РС Македонија, Комората на овластени архитекти и овластени инженери ги одложува сите настани закажани во наредниот перод и воведува вонредно работно време кое подразбира затворање на канцелариите на Комората и комуникација исклучиво по телефон и по електронска пошта.

кои_resize

Барањата за продолжување на овластувањата инженерите можат да ги направат со праќање на скенирани документи по електронска пошта без да доаѓаат во просториите на Комората.

Исто така, ги молиме инженерите, подигањето на готовите овластувања од Комората да го одложат поради горенаведените причини. Во итни случаи за потреба од овластувањата, пратете барање по електронска пошта и ќе Ви биде доставена скенирана копија.

Одложувањето е на неопределено време и ќе трае се додека трае опасноста од ширење на опасниот вирус.

Листа на контакти по одделенија:

Архитектура 078-406-381 arhitektura@komoraoai.mk

Градежништво 078-406-385 gradeznistvo@komoraoai.mk

Машинство 078-406-386 masinstvo@komoraoai.mk

Електротехника 078-406-386 elektro@komoraoai.mk

Енергетска ефикасност 078-406-386 eefikasnost@komoraoai.mk

Сообраќај 078-406-386 soobrakaj@komoraoai.mk

Геотехника 078-406-385 geotehnika@komoraoai.mk

Животна средина 078-406-386 zivotnasredina@komoraoai.mk

Геодезија 078-406-385 geodezija@komoraoai.mk

Заштита при работа и противпожарна заштита 078-406-381 zprppz@komoraoai.mk

Технологија и металургија 078-406-381 tehmet@komoraoai.mk

Урбанистичко планирање 078-406-384 urbanizam@komoraoai.mk

Овластувања за странски физички лица 078-406-384 foreign@komoraoai.mk

Исто така членовите на Управниот одбор без да доаѓаат во просториите на Комората ќе се поврзат преку видео врска и ќе биде овозможено електронско изјаснување по точките кои се предвидени за дискусија.

Повеќе информации можете да видите тука.

кои1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top