Насловна / Вести / Во Пекинг прекрасна детска книжара

Во Пекинг прекрасна детска книжара

Детската книжара „Kid’s Republic Bookstore” во Пекинг содржи преку 3.000 сликовници на многу светски јазици. Архитектите од бирото SAKO Architects го проектирале ентериерот на книжарата како разигран полигон за читање, претурање и игра.

1_resize

2_resize

Веројатно нема дете кое не би се распаметило кога ќе влезе во ваков „храм“ на книги. Во оваа книжара можат и децата и родителите да се опуштат, да уживаат во амбиентот, да си играат, удобно. Ова е прва книжара во Кина специјализирана за детски сликовници, а отворена е уште во 2005. година во рамки на проектот Beijing POPLAR Culture Project Co. (BPCPC), посветен на промоција на културата преку образование на најмладата популација.

3_resize

Книжарата нуди сликовници од целиот свет, со цел промоција на мултикултуралноста и прилагодување на децата на глобалната информатичка ера. 15 години подоцна книжарата дала одлични резултати во овој домен.

4_resize 5_resize 6_resize 7_resize 8_resize 10_resize 9_resize 11_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top