Насловна / Вести / Облоги од рециклирано стакло кои се евтини и отпорни на вода и оган

Облоги од рециклирано стакло кои се евтини и отпорни на вода и оган

Заради зачувување на животната средина неопходно е да се рециклира што поголем дел од отпадот, особено во градежништвото. Познато е дека стаклото може целосно да се рециклира, но сепак тоа се прави во мал обем. На пример, во САД се рециклира само една третина од користеното стакло. Научниците од австралискиот универзитет RMIT развиле нова облога за загради, при што 83% од овој материјал е составен од мелено стакло, а останатите состојки се полимери за врзување и огноотпорни адитиви.

coating1

coating3

Претходно направените облоги изработени само од стакло биле крти, а благодарение на дополнителните состојки сега мовиот материјал е многу поцврст. Кога облогата се нанесува на зградата, до ѕидот останува тесен воздушен зјај, кој во случај на пожар може да има ефект на оџак и да ја вложи состојбата. Затоа е важно на облогата да се додадат адитиви кои го успоруваат горењето. Облогите инаку помагаат да се одржи температурата, штитат од дожд и бучава, а имаат и есттска улога. Облогите од рециклирано стакло покрај тоа се и евтини и водоотпорни. Истражувањето е објавено во часописот Construction and Building Materials.

coating2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top