Насловна / Порта3 / Објавено македонското видео за „Часот на планетата Земја“

Објавено македонското видео за „Часот на планетата Земја“

Македонија петта година по ред се вклучува во одбележувањето на најголемата светска волонтерска акција „Часот на планетата Земја“, во која годинава ќе учествуваат над 154 држави ширум светот.

За разлика од изминатите учества, овој пат Македонија се вклучува во акцијата со сопствена медиумска кампања за спас на планетата Земја, каде главни суперхерои се познати личности од земјава и регионот, кои ја даваат својата порака за вклучување во акцијата. Организаторите на кампањата денеска го промовираа и финалното видео во кое настапуваат 14 познати домашни личности со главната порака „Македонијо, вклучи се во акцијата, исклучи ги светилките“.

Кампањата стартуваше на 3 март и секој ден се објавуваат по една видео порака од медиумските амбасадори кои ја поддржуваат акцијата. – Мотото на акцијата е „нашата моќ е зголемена, засилена и глобализирана кога сите заедно ќе се обединиме во една иницијатива“, – изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата Часот на планетата Земја во Македонија.

Тој е задоволен што оваа година во кампањата се вклучуваат и скопските општини Аеродром и Кисела Вода. Упати апел и до градоначалниците на останатите општини во Скопје и Републиката, како и до градоначалникот на град Скопје и тие да се вклучат во оваа светска кампања и да го исклучат осветлувањето на спомениците за време на настанот.

Часот на планетата Земја е најголема светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се испрати силна порака за спас на планетата.

Оваа година акцијата ќе се одржи на 29 март, кога во 20.30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 градови низ 154 држави во светот, а меѓу нив и Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top