Насловна / Градежништво / Асфалтиран патот од граничниот премин Џепиште-Требиште до селото Требиште

Асфалтиран патот од граничниот премин Џепиште-Требиште до селото Требиште

asfalten pat od granicen premin trebiste_1
По шестмесечни интензивни работи, заврши асфалтирањето на патот од граничниот премин Џепиште-Требиште, кај Дебар, до центарот на селото Требиште, погранична област Голо Брдо.

Патот е во должина од четири километри и со претходно пуштениот асфалтен пат од македонска страна создадени се сите услови за нормално патување од двете страни на границата.

Македонците од општина Требиште се задоволни од асфалтирањето на овој пат, бидејќи велат им се подобруваат условите за живот. За нив поблиску е да патуваат до Дебар, отколку до најблискиот албански град Пешкопеја.

asfalten pat od granicen premin trebiste_2

Жителите на требиште изразуваат благодарност до Царинските управи на двете земји, на Македонија и Албанија и посебно на македонската влада, кои дозволиле машинеријата и градежниот материјал да минуваат преку овој премин, зашто инаку требало да минува преку преминот Ќафасан, а тоа значи стотина километри дополнително по лош пат.

Инаку, патот од селото Џепиште до преминот беше пуштен во употреба во октомври пред две години, додека граничниот премин, Џепиште-Требиште пуштен е во употреба во мај 2013 година, и е наменет за локален граничен сообраќај за луѓе и возила.

Испрати коментар

Scroll To Top