Насловна / Арт и дизајн / Нuawei слушалките „FreeBuds“ изгледаат како вистински кармин

Нuawei слушалките „FreeBuds“ изгледаат како вистински кармин

Доколку сакате нешто повеќе од вообичаените слушалки, Huawei има решение.

Брендот ги создаде слушалките „FreeBuds“ кои доаѓаат во Bluetooth футрола што наликува на вистински кармин. Концептуализирани и креирани од парискиот центар за истражување на естетиката на HUAWEI, „FreeBuds Lipstick“ се фокусирани на луксузна дизајнерска естетика и инспирирани од врвна козметика. Производот е тестиран на повеќе од 10.000 модели на човечки уши за да се обезбеди максимална удобност дури и во ситуации на интензивно движење.

6_resize

И во однос на квалитетот на звукот, „FreeBuds“  се одлични. Имаат брзина од 48 kHz и AEM EK подесување кое е достапно преку „HUAWEI AI Life App“. Но, тоа не е она што го прави овој технички додаток посебен.

3_resize

Слушалките доаѓаат со Bluetooth футрола која е дизајнирана да изгледа како металик црн кармин со металик златна лента. Кога ќе се отвори капакот, сјајната златна база открива пар слушалки кои се обоени во темно црвена боја за да одговараат на темата.

1_resize

Со исклучено поништување на бука, FreeBuds нудат 22 часа репродукција на музика со целосно наполнета футрола. Слушалките, кога се целосно наполнети, нудат четири часа репродукција. Можат да се поврзат со Android паметен телефон, компјутер, таблет или кој било iOS уред со помош на двојна врска на уредот преку Bluetooth.

4_resize

3_resize

2_resize

5_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top