Насловна / Вести / Битола: Конференција за загадувањето на воздухот и здравствените ризици

Битола: Конференција за загадувањето на воздухот и здравствените ризици

Вчера во Битола во организација на Центарот за климатски промени, се одржа завршната конференција на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничниот регион“ финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка (Македонија – Грција)  и Министерството за локална самоуправа. Освен Центарот за климатски промени и Министерството за животна средина и просторно планирање, партнери во проектот се и Центарот за животна средина од Кожани, Грција (КЕПЕ), Општина Лерин и Европската регионална мрежа за соработка.

bitola1

bitola3

Од јануари 2021 до 2022 беа земани и испитувани примероци на воздух од мерната станица Битола 1. Во склоп на проктот изработен е инвентар на загадувачки супстанци во воздухот за Југоисточниот регион како и изворите на загадување. Изработена е Студија за пропорционирање на уделите на загадувачите за мерната станица Битола 1, од страна на проф. д-р Дејан Мираковски и тимот на Лабораторијата Амбикон од Универзитетот Гоце Делчев во Штип,  и равиен е здравствен индекс за загадување на воздухот, за чии потреби се направeни значајни анализи и студии со цел проценка на здравствени ризици од аерозагадувањето во прекуграничниот регион. На оваа проектна активност работел Институтот за јавно здравје, при што утврдени се зависности помеѓу случаите на предвремена смрт и загадувањето на воздухот, односно инциденцата на кардиоваскуларни и респираторни заболувања. Проектот е реализиран во период од четири години, и се очекува дека сознанијата и резултатите ќе послужат за подигање на свеста кај општата јавност но и кај креаторите на политиките за важноста на подобрувањето на квалитетот на воздухот како предуслов за повисок квалитет на живот.

bitola2

 

Испрати коментар

Scroll To Top