Насловна / Вести / Ќе се намалат ли цените на становите во Скопје?

Ќе се намалат ли цените на становите во Скопје?

Во Скопје има голем број станови кои се празни, како во новоизградените станбени згради, на кои поради алчноста на инвеститорите и сопствениците на локациите со секој ДУП им се зголемува катноста и вкупната изградена површина, исто така и во старите згради. Како последица на ова, прашање на време е кога цените на становите во Скопје ќе почнат да одат надолу.

Дел од експертите се со мислење дека надуениот балон со цените во Скопје, кои достигнуваат цени и повеќе од 1250 евра за квадратен метар станбен простор, ќе почне да пука, а цените ќе доживеат пад, анализира marketing365.mk.

ад_resize

Експертите од Агенциите кои го следат трендот на недвижностите во градот, велат дека растот на цените периодов не е воден од економската логика на понуда и побарувачка, туку од порастот на цените на дел од градежните материјали. Со оглед на тоа што светскиот пазар на основните материјали за градба полека почнува да се стабилизира, се очекува дека и цените на становите во Скопје ќе почнат да се намалуваат со оглед на тоа што сегашните цени се реално недостапни за повеќето од граѓаните.

Советот на експертите е дека кога се купува стан не треба да се брза. Во Скопје постојано се гради, инвеститорите заработуваат нереално, а периодов многу станови остануваат непродадени.

“Почекајте да се стабилизира пазарот, да се намалат цените и купувањето да има реална економска логика” – заклучуваат експертите.

3 Коментари

  1. Teovel Emenge

    Prosecnata plata se kaci od 15.000 na 28.000, vo poslednive 10 godini, mnogu ceni se kacija, mnogu pari se sozdadoa vo svetov. Da se ocekuva deka vecno ke bide stan vo skopje 1000 evra e nerealno. Videte kolku odat stanovi vo belgrad(od 2 do 8000eur) pa i vo sofija pa i pristina.. sekade e istiot trend.. a zosto im se dozvoluva da gradat ogromni zgradi bez nikakva infrastruktura, koncept i plan toa e tema sto treba poubavo da se obraboti!

    • Koga ke go napravat Skopje kako Belgrad ili Sofija ke moze da se pokacat cenite. Do togas moze da bide samo na nivo na Nis. Cenata e nerealna i ne se dobiva nekoja posebna vrednost ili pak vrven kvalitet. Se e samo sminka, nekvalitet i substandardni gradbi.

    • Просечна плата во Белград не е под 1.000 Еур (од … до …….). Белград е велеград и бил, а исто и Софија (стандарди, услови за живот, култура, …). Иако Косово си е прикаска за себе, има дисциплина и вероватно индустриски-технолошки брзо ќе напредува. Од Урошевац до Печ и од Визбегово до Дебар платите се над 600 еур за општ работник. – Пс. Не зборувам за високо квалификуван кадар.
      А нашава олигархија и нивните краци најпрво го спуштија моралот на луѓето на најниско ниво, во т.н. водечки бренд фирми луѓето работат за плати од 15000 до 28000 ден. Т.Н. олигарси овозможуваат преку градежништвото да се перат пари. Не верувам дека цените ќе паднат, бидејќи тие во приватизацијата ја испокрадоа државата, тие градат, тие пласираат кредити, тие ја држат (УНИШТУВААТ) државата во своите раце. Погледнете што се случува во сите населби, во спрега градоначалници и т.н. урбана мафија (краците на т.н. олигарси). А цените, висината на каматните стапки, условите (стандардот) за живот ги одредува системот, . А него, повторно го управуваат олигарсите. И така ќе биде се додека не се променат многу работи …

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top