Насловна / Вести / Нов мега проект на арапскиот нафтен гигант

Нов мега проект на арапскиот нафтен гигант

Нафтениот гигант од Саудиска Арабија, Saudi Aramco, ќе гради огромна рафинерија на индискиот западен брег заедно со три индиски државни компании. Рафинеријата ќе чини 44 милијарди долари и ќе има капацитет за преработка на 1,2 милиони барели сирова нафта дневно.

SA 3

 

Брзорастечката индиска економија има големи потреби од нафтени деривати. Овој проект е еден од најголемите на светско ниво од областа на петрохемиската индустрија, наведува компанијата Saudi Aramco. Притоа, Saudi Aramco ќе има 50% удел во проектот, додека остатанатите три компании од конзорциумот ја делат другата половина.

SA 1

Објавата за овој мега проект доаѓа  веднаш по потпишувањето на договорот помеѓу Saudi Aramco и француски Total за изградба на огромен петрохемиски комплекс во Саудиска Арабија во вредност од 5 милијарди долари.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top