Насловна / Вести / Нов материјал за примена во литиум – јонските батерии

Нов материјал за примена во литиум – јонските батерии

Истражувачки тим предводен од истражувачи од Институтот Руѓер Бошковиќ развил нов материјал со подобрени својства за примена во литиум – јонските батерии. Новиот материјал е развиен на база на силициум, а го карактеризира порозна структура. Резултатите од истражувањето се важни во понатамошниот развој на анодните материјали за литиум – јонските батерии, а објавени се  во часописот Journal of Electroanalytical Chemistry. 

oznorCB

IRB2

Материјало е испитан во електрохемиска ќелија за тестирање на галванските елементи која е дизајнирана и направена токму во лабораторијата на Институтот. Со оглед на се поголемата интеграција на обновливите извори, се зголемуваат потребите од складирање на енергија во електроенергетскиот систем. Технолошкиот напредок и падот на цените на батериите, ги прават батериските капацитети за складирање на енергија прифатливо решение за балансирање кај електроенергетските системи. Конкретно, од 2012 година, цената на литиум – јонските батерии паднала за 75%. Според консултантската компанија Deloitte, се проценува дека пазарот на батерии до 2028 година ќе биде вреден повеќе од 30 милијарди евра. Конвенционалните батерии кои користат графитни аноди имаат бројни недостатоци, од мали капацитети, па до висока цена. Со користење на силициумот, се намалува трошокот по единица енергија, а освен тоа големата предност на силициумот е и неговата достапност односно широка распространетост.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top