Насловна / Вести / Ердоган наложи да започне изградбата на гасен центар во Турција

Ердоган наложи да започне изградбата на гасен центар во Турција

Турција ја има целата потребна инфраструктура за изградба на меѓународен гасен центар на своја територија, изјави вчера советникот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

„Ова е многу важен предлог за Турција. Нашата инфраструктура е подготвена за тоа. Можно е да се снабдува Европа со гас преку главниот крак на ТАНАП (Трансанадолски гасовод) напоредно со рускиот гас. Ако се прошири капацитетот на гасоводот, тоа ќе биде многу значајно за Европа. Исто така е можно и допремање гас преку Медитеранот“, изјави Калин за турските медиуми, а пренесува Тасс.

т1_resize

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, претходно изјави дека меѓународниот гасен центар на територијата на Турција ќе биде изграден што е можно поскоро и дека најповолен регион за тоа е Тракија.

Ројтерс минатата недела објави дека Ердоган му наредил на Министерството за енергетика да започне со изградба на гасен центар во Турција по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин.

Ердоган додаде дека двете земји веднаш ќе почнат да работат на предлогот на Путин за транспорт на руски гас во Европа и дека нема да има чекање.

Путин на состанокот со Ердоган на 13-ти рече дека Турција е најсигурната рута за испорака на гас во Европската унија и предложи изградба на гасен центар во таа земја.

Претседателот Путин претходно навести дека Русија би можела да изгради голем гасен центар во Турција со пренасочување на испораките наменети за гасоводите Северен тек под Балтичкото Море, кои се оштетени во експлозии минатиот месец.

Во меѓувреме, порталот „Ермениа њуз“, повикувајќи се на турскиот весник „Јени Сафак“, објави дека научници од турски универзитет развиле проект за транспорт до 75 милијарди кубни метри гас годишно, кој предвидува изградба на гасовод за дистрибуирање природен гас во Европа преку Тракија.

т_resize

Турскиот весник „Јени Сафак“ објави дека научниците од Факултетот за инженерски науки на Универзитетот „Гумушане“ подготвиле магистерски труд, три месеци пред изјавата на рускиот претседател за можно формирање на гасен центар за снабдување на Европа, пренесува „Ермениа њуз“.

Според зборовите на раководителот на Катедрата за геофизичко инженерство, Нафиз Маден, проектот за гасоводот се базира на научни истражувања.

Маден вели дека е планирано природен гас да се дистрибуира во Европа преку Тракија во три краци: северен, јужен и централен.

Научникот додаде дека северниот крак ќе оди во Романија, Словенија, Унгарија и потоа во Германија, јужниот крак во Италија, а средниот крак кон Србија и други земји преку Бугарија, Албанија, Северна Македонија и други.

Исто така наведува и дека за време на развојот на проектот се претпоставувало дека центарот ќе се зголеми од 50 на 75 милијарди кубни метри на сметка на дополнителни улагања.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top