Насловна / Вести / Нов културен феномен во Италија: Пензионерите ги набљудуваат градежните работи на улиците и критикуваат

Нов културен феномен во Италија: Пензионерите ги набљудуваат градежните работи на улиците и критикуваат

Пензионери кои шетаат по улиците со рацете зад половината и се собираат на местата на кои се изведуваат градежни работи, е сцена која сите ние сме ја виделе. Но, во Италија, поточно во Болоња ова добило такви размери, што ваквата група на луѓе и службено е наречена Umarell (мал човек). Пензионерите најчесто во групи се собираат околу местата каде се изведуваат работи, па коментираат, критикуваат, им даваат на работниците совети кои никој не им ги бара и сл.

umarell1

umarell2

 

За нив пишувал и италијанскиот писател Danilo Masotti пред околу 15-тина години, но од декември 2020 година го добиваат и споменатото службено име. Местото Riccione дури обезбедило и фонд за исплата на надоместоци на пензионерите кои ги надгледувале работите со цел се да се одвива според планот.

umarell3

umarell4

 

Без оглед дали станува збор за броење на камиони или за чување на локациите од вандали, овие луѓе успеале од пензионерското безделничење да развијат ангажман и да станат културолошки феномен. Покренато е и доделување на награда „Umarell на годината“, а во продавниците за сувенири можат да се најдат фигурички на пензионери кои набљудуваат и ја следат работата. Воведена е и апликација која ги означува сите подрачја во кои се одвиваат некакви изведбени работи и наречена е Umarell. Една компанија дури поставила и прозорци низ оградата на градилиштето заради подобра проверка од страна на пензионерите за тоа како течат работите.

umarell6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top