Насловна / Вести / Нов концепт на складирање на топлинска енергија кој ги поместува сите граници

Нов концепт на складирање на топлинска енергија кој ги поместува сите граници

Иновацијата на компанијата United Sun Systems, и националната лабораторија за истражување при Министерството за енергетика на САД, носи 95% поевтино решение за акумулирање и складирање  на топлинска енергија, споредено со стандардните панели поврзани со литиум јонска батерија. Оваа техника користи параболичен диск со дијаметар од 14 m кој е прекриен со огледала заради фокусирање на сончевите зраци, со што се овозможува создавање на температура од 750 °C. Притоа, ова решение користи метални хибридни материјали со цел ефикасно складирање на топлинската енергија во облик на хемиски врски, а потоа по потреба истат може да се ослободи. Се тврди дека на ваков начин, топлинската енергија ќе може да се складира на период  од над 100 години со минимални загуби. Се планира новиот систем да стане комерцијално достапен во следните неколку години.

thermal storage 2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top