Насловна / Вести / Нов акциски план на Германија: 10 точки за енергетска транзиција

Нов акциски план на Германија: 10 точки за енергетска транзиција

Министерката за енергетика на Германија, го претставила извештајот од мониторингот за напредокот на енергетската транзиција, а врз основа на него и Акциски план со 10 конкретни точки за прилагодување на германскиот енергетски систем.

Во извештајот се анализирани системските трошоци за обновливи извори и начините на нивна оптимизација. Иако енергетската транзиција на Германија се наоѓа на добар пат, документот содржи препораки за забрзување на ширењето и системска интеграција на енергијата од ветерот, но и за препознавање на областите во кои се потребни политички одлуки.

Акцискиот план во 10 точки ги потврдува германските цели – 80% обновливите извори во производството на електрична енергија до 2030 година и климатска неутралност до 2045 година. Планот нагласува дека не е потребна промена на правецот, туку дека е потребно прилагодување и оптимирање на системот.

Меѓу клучните мерки се:

  • Аукции. Преминот од постоечкиот модел на поддршка на договори за разлика (CfD), со PPA договори заради намалување на ризикот за производителите и купувачите.
  • Мрежи. Утврдување на иновативни решенија за спречување на загушувањата, како дигитален „семафор“ и регионални бонуси.
  • Приклучувања. Решавање на редовите на чекање преку дигитални системи, што е предизвик ширум Европа каде над 500GW ветерна енергија чекаат на приклучок
  • Колокација. Заедничко поставување на капацитети во обновливи извори и складишта, со забрзување на изградбата на мрежа и батериски капацитети

Испрати коментар

Scroll To Top