Насловна / Арт и дизајн / Часовникот Kung Fu со Брус Ли: Слика на кинески боречки вештини (ВИДЕО)

Часовникот Kung Fu со Брус Ли: Слика на кинески боречки вештини (ВИДЕО)

Kung Fu Clock е дизајниран од кинеското студио Whenwatch со цел кај луѓето да ја намали напнатоста и да ги ослободи од притисокот кога обрнуваат внимание на времето.

Со овој часовник дизајнерите сакале да покажат дека времето не е толку здодевно и безмилосно.

„Се надеваме дека секој пат кога ќе го погледнете овој часовник, ќе можете да уживате во забавата, како и во среќата што животот може да ви ја донесе“, велат од whenwatch.

Овој кунг-фу часовник прикажува класична слика на кинеските традиционални боречки вештини: елек, панталони, платнени чевли. Најдолгата нога на фигурата е стрелка за секунди, главата и горниот дел од телото се стрелката за часови, а другата нога е стрелка за минутите. Секоја секунда, овој часовник покажува различно движење на боречките вештини.

Со постојано движење на стрелката за секунди, секое различно движење е поврзано, што е како анимација. Се менува секоја секунда. По една минута се појавува сосема различно движење. Потоа, по еден час, се појавува друга живописна слика. Секогаш кога ќе го погледнете Kung Fu Clock, можете да уживате во динамична слика од боречки вештини.

Часовникот доѓа во неколку изданија со црна подлога, со златна или сребрена фолија.

Поради специфичноста на дизајнот, потрошувачката на енергија е поголема од онаа на обичните часовници, батеријата трае околу пет месеци.

Испрати коментар

Scroll To Top