Градежниот факултет – Скопје, веќе 76 години е темел на инженерската мисла во државата и столб на високообразовниот систем. Како една од првите единици на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, факултетот не е само академска институција – тој е место каде што се раѓаат идеите што ги обликуваат контурите на нашето општество.

Зад секој изграден мост, брана, пат, зграда или болница во земјата стои визијата, знаењето и несебичниот труд на генерации професори, асистенти и инженери излезени токму од овој факултет. Повеќе од 500 брани, над 1000 мостови, илјадници километри патна инфраструктура, болници, училишта, индустриски и станбени објекти – сето тоа е дел од наследството што Градежниот факултет го има оставено зад себе, преку своите кадри.

Факултетот е повеќе од институција – тој е заедница. Зад секој успешен проект стои професор кој инспирирал, кој предал не само формула или пресметка, туку визија за свет во кој знаењето се применува со цел да се подобри квалитетот на живот. Овие професори се столбови на континуитетот, сведоци и носители на промени, и се тие кои ја пренесуваат традицијата, но и ја градат иднината.

Со модерни лаборатории, силна врска со стопанството и ориентација кон истражување и иновации, Факултетот останува доследен на својата мисија: да создава генерации инженери кои ќе бидат двигатели на напредокот – дома и во светот.

На оваа значајна годишнина, оддаваме посебна почит на професорите – оние кои учеа, поддржуваа, водеа и инспирираа..
76 години традиција се темел на градежништвото.
Честит роденден, Градежен факултет – Скопје.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија