Насловна / Вести / Њујоршки стартап прави вотка и парфем од јаглерод диоксид и „зелен“ водород

Њујоршки стартап прави вотка и парфем од јаглерод диоксид и „зелен“ водород

Стартапот Air Co. од Њујорк произведува алкохол од јаглерод диоксид и зелен водород, а својата вотка ја нарекува „најодржлив жесток пијалок на светот“. Компанијата произведува и средство за дезинфекција на раце, а неодамна лансирала и свој парфем (Air Eau de Parfum). Природните состојки во вотката под брендот Air Vodka се воздух, вода и Сонце.  При конвенционалното производство на едно шише од овој пијалок доаѓа до емитување на 5,9 килограми јаглерод диоксид , a Air Co. тврди дека нивниот производ е дури јаглеродно негативен.

vodka1

vodka2

vodka3

Air Co. е стартап компанија формирана во 2019 година, со визија за ублажување на климатските промени, со помош на технологии за отстранување на јаглерод диоксидот од воздухот. Компанијата го произведува алкохолот за својата вотка во т.н реактор за конверзија на јаглеродот, во кој јаглерод диоксидот се меша со „зелен“ водород. Во хемиските реакции настануваат: етанол (C2H5OH), метанол (CH3OH), вода (H2O) и кислород – O2, а потоа се раздвојуваат. Оваа вотка се состои од 40% етанол и 60% вода, а нејзините креатори тврдат дека нема никакви примеси. Едно шише од 750ml се продава за 80 долари. CO2 во моментот се обезбедува од традиционалните постројки за ферментација и производство на етанол, а „зелениот“ водород се произведува со електролиза на вода со користење на електрична енергија од соларна електрана.  Но, заштитата на животната средина не застанува тука за оваа компанија. Налепниците на шишињата се биоразградливи, а пакувањето и шишињата можат да се користат и за други цели. Компанијата работи и на развој на горива за автомобили и ракети. Неодамна ја добиле наградата на NASA за претворање на CO2 во шеќери, кои би можеле да се користат на Марс.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top